Жолти елеци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Движењето на жолтите елеци (на француски: Mouvement des gilets jaunes) или само Жолти Елеци е протестно движење кое се појавило во Франција како резултат на зголемениот данок на гориво за возила. Брзо се проширило и во Белгија[12] и други земји како и во прекуморскиот француски регион Реинион. Движењето се појавува при крајот на октомври 2018 година со интернет петиција, а во ноември се организира на протести, достигнувајќи бројка до околу 300.000 демонстранти. Се користи со методи на граѓанска непослушност, демонстрации, блокирање на патишта.[13][14]
Кратки факти Движење на жолтите елеци Mouvement des gilets jaunes (француски), Датум ...
Движење на жолтите елеци Mouvement des gilets jaunes (француски) | |
---|---|
Протест на Жолтите Елеци на излезот од Везул, Источна Франција | |
Датум | 17 ноември 2018-сè уште |
Место | Франција (со Реинион) |
Цели |
|
Начини | Демонстрации, граѓанска непослушност, вандализам[6], немири[7][8], прекин на сообраќај |
Настрадани | |
Мртви | 15 цивили (12 во Франција[9], 3 во Белгија[10]) |
Ранети | над 1.840 цивили, околу 1.050 полициски службеници[11] |
Затвори