Земја на Франц Јосиф
архипелаг на Арктикот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Земјата на Франц Јосиф (руски: Земля Франца-Иосифа) — архипелаг на Крајниот Север на Русија во Северноледениот Океан.[1] Се наоѓа северно од Нова земја и источно од Свалбард. Административно припаѓа на Архангелската Област. Архипелагот се состои од 191 ледени острови, со вкупна површина од 16.134. Островите се од вулканско потекло. На северна географска ширина помеѓу 80,0° и 81,9°, ова се најсеверните острови на Евроазија (најсеверната точка на архипелагот, Русија и Евроазија е Кејп Флегели). Најголеми од нив се: Земјата на Георг (2.821), Земјата на Вилчек (2.203), Греам Белиот Остров (1.557), Земјата на Александрина (1.130), Галја (1.049) и островот Солсбери (960).
Кратки факти руски: Земля Франца-Иосифа, Географија ...
руски: Земля Франца-Иосифа | |
---|---|
Карта на Земјата на Франц Јосиф | |
Местоположба на Земјата на Франц Јосиф | |
Географија | |
Место | Северноледен Океан |
Координати | 81°N 55°E |
Вкупно острови | 192 |
Површина | 16.134 км2 |
Највисоко издигнување | 670 м |
Највисока точка | Земја на Вилчек |
Управување | |
Федерална област | Архангелск |
Демографија | |
Население | 0 (2017) |
Затвори