Интегрално сметање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Интегрално сметање — една од основните и најважни дисциплини на математичката анализа. Значењето на интегралното сметање (заедно со диференцијалното сметање) е од огромно, не само за математиката, туку и општо за останатите природни науки.
Статии поврзани со математичката анализа |
Основна теорема на анализата |
Диференцијално сметање |
Извод од производ |
Интегрално сметање |
Методи на интегрирање |
Интегрирање по делови |
Интегралното сметање може да се разгледува од различни аспекти. На пример, од една страна, интегрирањето е инверзна операција на диференцирањето; од друга страна пак, интегралот на дадена функција бројно ја/го определува определува плоштината/волуменот на фигура/тело во рамнината/просторот.
Основен поим во теоријата на интегралното сметање е поимот интеграл, а основна задача е решавањето на интегралите и изнаоѓањето на начини за нивното решавање.
Условно, интегралите можат да се поделат на неопределени и определени. Што е разликата помеѓу нив, ќе видиме подолу.