КК Црвена Ѕвезда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кошаркарски Клуб Црвена Ѕвезда (или, од спонзорски причини, КК Црвена Ѕвезда мтс) — српски професионален кошаркарски клуб од Белград. Клубот е дел од Спортското друштво Црвена Ѕвезда. Црвена Ѕвезда се натпреварува во кошаркарската лига на Србија и домашниот куп на Радивој Кораќ и е единствениот српски кошаркарски клуб што не испаднал од првата национална лига[7]. Исто така, клубот е член на Јадранската кошаркарската асоцијација и се натпреварува во АБА-лигата, во која се утврдува кои екипи ќе се натпреваруваат во Евролигата и кои во Еврокупот. Според списокот на УЛЕБ, Ѕвезда е најдобро рангираниот клуб од сите српски клубови, како и сите клубови од Јадранската лига[8].
Crvena zvezda mts | |||
---|---|---|---|
Податотека:KK Zvezda logo.svg | |||
Основан | 4 март 1945; пред 79 години (1945-03-04) | ||
Историја | КК Црвена Ѕвезда (1945–денес) | ||
Сала | Сала Александар Николиќ Штарк арена | ||
Сала Капацитет | 8,000[1][2][3][4] 18,386[5] | ||
Место | Белград, Србија | ||
Бои на клубот | црвени, бели | ||
Тренер | Небојша Илиќ | ||
Асистент(и) | Драган Шакота | ||
Капитен | Бранко Лазиќ | ||
Прваци | 1 Сапорта Куп 4 АБА Лига 1 АБА Лига Суперкуп 20 Национален шампион 9 Национален куп 1 Национален Суперкуп[6] | ||
Повлечени броеви | 1 (8) | ||
Мрежно место | kkcrvenazvezda.rs | ||
Дресови | |||
|
Црвена Ѕвезда своите домаќински натпревари ги игра во салата Пионир, изградена во 1973 година, со капацитет од 8.000 места, додека натпреварите во европските натпреварувања се играат и во Штарк арена со проценет капацитет од 18.386 места. Навивачите на Црвена Ѕвезда се нарекуваат Делије.