Белград
главен град на Србија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Белград (српски: Београд или Beograd) е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров.[7] Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе.[8] Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.
Белград Београд / Beograd | |||
---|---|---|---|
Главен град | |||
Град Белград | |||
From top: Панорама на Белград, Домот на Народното собрание, Нов дворец, Авалска кула, Кула Ушќе, Кула Гардош, Српска академија на науките и уметностите, Црква „Св. Сава“, Белградска тврдина, Споменик на незнајниот јунак | |||
Химна: Химна Београду Himna Beogradu „Химна на Белград“ | |||
Држава | Србија | ||
Округ | Белград | ||
Општини | 17 | ||
Основање | Пред 279 п.н.е. (Сингидунум)[1] | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Александар Шапиќ | ||
Површина | |||
• Главен град | 359,9 км2 (1,390 ми2) | ||
• Градска | 1,035 км2 (0,400 ми2) | ||
• Метро | 3.222,6 км2 (12,443 ми2) | ||
Надм. вис.[2] | &10000000000000117000000117 м | ||
Население (попис 2011) | |||
• Главен град | 1,166,763[3] | ||
• Густина | 3.241/км2 (8,390/ми2) | ||
• Градскo | 1,344,844[4] | ||
• Градска | 1.192/км2 (3,090/ми2) | ||
• Метро | 1,687,132[5] | ||
• Метро | 514/км2 (1,330/ми2) | ||
Демоним | белграѓанец | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 11000 | ||
Повикувачки број | +381(0)11 | ||
ISO 3166 | RS-00 | ||
Рег. таб. | BG | ||
ИЧР (2019) | 0.834[6] – многу висок | ||
Мреж. место | www.beograd.rs |
Првите населби во регионот на Белград биле во предисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мизија и бил наречен Сингидунум.[9] Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I. Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403 година. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римски, византиски, бугарски, унгарски, отомански итн. Бил главен град на различните форми на Југославија од 1918 до 2003, како и на државната унија на Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година.
Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт. Територијата на Белград е поделена на 17 општини, од која секоја има свој локален совет. Белград зафаќа преку 3,6% од територијата на Србија и 21% од српското население (без населението на Косово), живее во градот. Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култура, образование и наука.