Камен мост (Скопје)
мост во Скопје / From Wikipedia, the free encyclopedia
Камениот мост во Скопје — една од најзначајните знаменитости на градот. Сместен е во центарот на градот и ги поврзува плоштадот Македонија и Старата скопска чаршија.[2] Постојат две претпоставки околу датацијата на мостот. Според првата која е потврдена со археолошките проучувања, тој бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 г., во текот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот Јустинијан I. Според втората претпоставка, која е поддржана со историски извори, мостот бил изграден во времето на султанот Мехмед II Освојувачот (1444-1446; 1451-1481), во периодот меѓу 1451 и 1469 г. Мостот денеска се смета за симбол на градот Скопје и е главен елемент на грбот на Скопје, кој пак грб е насликан на знамето на Скопје во жолто-златна боја.[3]
Камен мост | |
---|---|
Поглед на мостот. | |
Координати | 41°59′49″N 21°25′59″E |
Преминува | Вардар |
Место | Скопје |
Официјален назив | Камен мост |
Други називи | Душанов мост[1] |
Особености | |
Вид | лачен мост |
Вкуп. должина | 213,85 м |
Ширина | 6 м |
Местоположба | |