Кангсиев речник
речник на кинескиот јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кангсиев речник (кинески: 康熙字典, пинјин: Kāngxī Zìdiǎn, мак. тр.: Кангси ѕедјен) — речник на кинескиот јазик кој важел за стандарден јазичен прирачник во XVIII и XIX век. Негов нарачател е царот Кангси династијата Ќинг кој издал указ за негово составување во 1710 г. Делото е завршено во 1716 г., а составувачите покажале голема иновативност во неговата изработка, притоа користејќи го новиот систем од 214 клучеви наречен ѕехуеј, кој денес е познат како 214 Кангсиеви клучеви.
Речникот содржи преку 47.000 знаци, иако 40% од нив се графички варијанти. Покрај нив, тука се опфатени и ретки или архаични знаци, а некои од нив се среќаваат само еднаш. Денес поалку од една четвртина од нив се во вообичаена употреба.[1]