Речник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Речник — книга или збирка на зборови на одреден јазик, најчесто напишани по азбучен ред, со дефиниции, потекло, изговор и други информации;[1] или книга со зборови на еден јазик со нивни еквиваленти на друг јазик, позната уште како лексикон. Според Нилсен 2008, речник може да се однесува како лексикографски производ кој се одликува со три значајни особини: (1) бил направен за една или повеќе функции; (2) содржи податоци кои се избрани со цел да ги исполнат тие функции; и (3) неговата лексикографска структура ги поврзува и заснова врските помеѓу податоците, така што тие ќе ги задоволат потребите на корисниците и ќе ги остварат функциите на речникот.
- За други потреби, видите Речник (објаснување).
- За проектот речник на Викимедија, посети Викиречник.
Во многу јазици, зборовите можат се појават во различни форми, но само неделкинирани и неконјугирани форми се појавуваат како главен збор во повеќето речници. Речниците најчесто се појавуваат во форма на книга, но некои понови речници, на пример StarDict и New Oxford American Dictionary се софтверски речници кои може да се најдат на PDA уреди или компјутери. Исто така, има многу „он-лајн“ речници кои се достапни преку Интернет.