From Wikipedia, the free encyclopedia
Катерина Корнаро (грчки: Αικατερίνη Κορνάρο; венецијански: Catarina Corner) (25 ноември 1454 – 10 јули 1510) била последниот монарх на Кипарското Кралство, кој исто така ги имал титулите кралица на Ерусалим и кралица на Ерменија. Таа станлал кралица консорт на Кипар по бракот со Јаков II од Кипар, потоа регент на Кипар за време на детството на нејзиниот син Јаков III во 1473-1474 година, и конечно кралица регент на Кипар по неговата смрт. Таа владеела од 26 август 1474 до 26 февруари 1489 година и била прогласена за „Ќерка на Свети Марко“ со цел Венецијската Република да може да воспостави контрола над Кипар по смртта на нејзиниот сопруг.[1]
Катерина Корнаро | |
---|---|
Портрет од Џентиле Белини, ок. 1500 | |
Кралица на Кипар | |
На престол | 26 август 1474 – 26 февруари 1489 |
Претходник | Јаков III |
Кралица регент на Кипар | |
Мандат | 10 јули 1473 – 26 август 1474 |
Кралица на Кипар | |
Мандат | ноември 1472 – 10 јули 1473 |
Роден(а) | 25 ноември 1454 Венеција, Венецијанска Република |
Починал(а) | 10 јули 1510 (возр. 55) Венеција |
Почивалиште | Сан Салвадор, Венеција |
Сопружник | Јаков II Кипарски |
Деца | Јаков III Кипарски |
Династија | Корнаро |
Татко | Марко Корнаро |
Мајка | Фиоренца Криспо |
Катерина била ќерка на венецијанецот Марко Корнаро, витез на Светото Римско Царство, и Фиоренца Криспо. Таа била помлада сестра на нобил хуомо Џорџо Корнаро (1452 – 31 јули 1527), „Padre della Patria“ и витез на Светото Римско Царство.
Од семејството Корнаро поттекнувале четири дуждови.[2] Нејзиното семејство имало долги асоцијации со Кипар, особено во областа на трговијата.[2] Во областа Епископи, во Лимасолскиот округ, семејството Корнаро управувало со различни мелници за шеќер и извезувало кипарски производи во Венеција.[3]
Катерина била насликана од Дирер, Тицијан, Белини и Џорџоне.[4]
По смртта на кипарскиот крал Џон II во 1458 година, наследството било спорно помеѓу неговата ќерка Шарлот и нејзиниот вонбрачен полубрат Јаков, кој се обидел да го заземе островот. Врз основа на бракот на Луј Савојски со Шарлот, војводата од Савој го побарал островот и Шарлот била именувана за кралица. Во 1468 година, Катарина, по преговорите водени од нејзиниот татко и вујко, му била понудена на Јаков како негова сопруга.[2] Бракот бил исклучително корисен за Венецијанската Република бидејќи од тој момент таа можела да ги обезбеди трговските права и другите привилегии на Венеција во Кипар. Предлогот бил прифатен, а договорот бил потпишан во 1468 година, зајакнувајќи ја позицијата на Јаков.[5]
Така во 1468 година, Јаков II, инаку познат како Јаков Никаквецот, станал крал на Кипар.[2] Тој и Катерина се венчале во Венеција на 30 јули 1468 година со полномошник кога таа имала 14 години. Таа конечно отпловила за Кипар во ноември 1472 година и лично се омажила за Јаков во Фамагуста.[6]
Јаков починал набргу по венчавката поради ненадејна болест и според неговата волја Катерина, која во тоа време била бремена, дејствувала како регент. По отпловувањето на венецијанската флота, имало неуспешен заговор за соборување на доенчето Јаков III во корист на Шарлот, легитимната ќерка на Џон, а Катерина била држена како затвореничка. Венецијанците се вратиле и редот набрзо бил воспоставен, но републиката размислуваше за можноста за заземање на Кипар, иако немала валидна титула.
Катерина станала монарх кога Јаков III починал во август 1474 година пред неговиот прв роденден, веројатно од болест, дури и ако се шпекулирало дека бил отруен од Венеција или партизаните на Шарлот.[6] Кралството одамна паднало и било трибутарна држава на Мамелуците од 1426 година. За времето на Катерина, која владеела со Кипар од 1474 до 1489 година, островот бил контролиран од венецијански трговци.
Во 1488 година, републиката, плашејќи се дека султанот Бајазит II имал намера да го нападне Кипар, а исто така откривајќи заговор Катерина да се омажи за Алфонсо II, одлучила да ја отповика кралицата во Венеција и формално да го припои островот.[7] Во февруари 1489 година, венецијанската влада ја убедила Катерина да му ги отстапи своите права како владетел на Кипар на венецијанскиот дужд — а потоа и на венецијанската влада како целина — бидејќи немала наследник.[8]
На 14 март 1489 година Катерина била принудена да абдицира и да ја продаде администрацијата на земјата на Венецијанската Република.[9] Според современиот хроничар Георгиос Бустрониос:
на 15 февруари 1489 година, кралицата излегла од Никозија со цел да отиде во Фамагуста, да го напушти [Кипар]. И кога отишла на коњ облечена во црна свилена наметка, со сите дами и витези во нејзиното друштво [...] Нејзините очи не престанале да леат солзи низ целата поворка. Народот исто така пролеал многу солзи.[10]
Последната крстоносна држава станала колонија на Венеција, а како компензација, во 1489 година на Катерина ѝ било дозволено да ја задржи титулата кралица и таа станала дама на Азоло, округ на Терафермата[11] на Република Венеција во Венето. Азоло набргу се здобил со репутација како суд на книжевни и уметнички дистинкции, главно како резултат на тоа што бил фиктивен амбиент за платонските дијалози за љубовта на Пјетро Бембо, Гли Асолани. Катерина живеела во Азоло до 1509 година, кога Камбриската лига го ограбила градот, а потоа побегнала во Венеција каде што живеела уште една година, умирајќи на 10 јули 1510 година.[12] Таа е погребана во Црквата Сан Салвадор во Венеција.
Либрето базирано на нејзиниот живот од Анри де Сен-Жорж ги формира основите на оперите Катарина Корнаро (1841) од Франц Лахнер,[13] Кралицата на Кипар (1841) од Фроментал Халеви[14] и Катерина Корнаро (1844) од Гаетано Доницети.[15]
Корнарскиот институтот, кој бил основан од уметникот Стас Параскос во градот Ларнака како добротворна организација наменета за промоција на уметноста и култура,[16] имал споменик посветен на Катарина, пред да биде затворен од Ларнакската општина во 2017 година.
Во октомври 2011 година, Кипарскиот оддел за антиквитети објавил проект од еден милион евра за реставрација на делумно средновековна палата во Потамија за која се сметало дека била летна палата на Катерина Корнаро.[17][18] Проектот имал за цел да создаде културен центар во западното крило на замокот, при што работата ќе се одвивала етапно три години во зависност од средствата. Меѓутоа, според Cypriot Mail, Кипарскиот оддел за антиквитети во октомври 2012 година изјавил дека нема докази дека кралицата Катерина некогаш престојувала таму, а весникот ја цитирал археолошката службеничка на одделот Еви Фиури која вели дека одделот никогаш не ја нарекол структурата летна палата на кралицата, туку едноставно како потамска средновековна палата. Според Фиури: „Како одделение за антиквитети, ние никогаш не го кажавме ова, се чини како нешто што преминало во традиција и не знаеме како започнало“.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.