From Wikipedia, the free encyclopedia
Јусуф Ислам (роден како Стивен Деметри Георгиу; 21 јули 1948) [1] познат по неговите естрадни имиња Кат Стивенс (англ. Cat Stevens), Јусуф (Yusuf) и Јусуф / Кат Стивенс (Yusuf / Cat Stevens) ― англиски пејач, текстописец и музичар. Продал преку 100 милиони плочи и има преку две милијарди стримови.[2] Во 2014 година бил примен во Куќата на славата на рокенролот.
Јусуф Ислам / Кет Стивенс | |
---|---|
Кет Стивенс на настап во 2023 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Стивен Деметри Георгиу |
Познат(а) и како |
|
Роден(а) | 21 јули 1948 Лондон, Англија |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Соработници | Алун Дејвис |
Мреж. место | catstevens.com |
Стивен Деметри Георгиу е роден на 21 јули 1948 година во Лондон.[3] Неговиот татко бил Кипранин,[4] а мајка му Швеѓанка.[5] Неговите родители биле сопственици на ресторанот Мулен Руж, кој бил во близина на Пикадили во театарската област Сохо во Лондон. Сите членови од семејството работеле во ресторанот.[3] Неговите родители се развеле кога тој имал околу осум години, но продолжиле да го одржуваат семејниот ресторан и да живеат над него. Иако татко му бил православен Грк, а мајка му била баптистка, Стивен учел во римокатоличко основно училиште.[6]
Уште како мал Стивен се заинтересирал за свирење пијано.[7] На 15 години, инспириран од популарноста на Битлси, сакал да научи да свири гитара.[8] Татко му му купил гитара и Стивен почнал да свири на неа и да пишува песни.[7] Во еден период од детството со мајка му се преселиле во Јевле, Шведска, каде што посетувал основно училиште (Solängsskolan) и под влијание на неговиот вујко почнал да развива и сликарски вештини. Потоа се вратиле во Англија. [9]
Посетувал други локални училишта во Вест Енд, каде што во сè освен во уметноста имал слаби оценки. Го нарекувале „момчето уметник“.[10] Успешно завршил едногодишен курс на Уметничката школа во Хамерсмит,[11] и сакал да започне кариера како карикатурист. И покрај тоа што ја сакал уметноста,[10] тој одлучил да започне музичка кариера. Прво естрадно име му било „Стив Адамс“.[11] [12] Тогаш, негова цел била да стане текстописец. Освен Битлси, врз него влијаеле и други музичари како The Kinks, [13] Боб Дилан, Нина Симон, блузерите Лид Бели и Мади Вотерс, [14] Биф Роуз (особено првиот албум на Роуз), Лео Котке [10] и Пол Сајмон. [15] Тој, исто така, бил под влијание на композиторите на мјузикли, како Ира Гершвин и Леонард Бернштајн. Во 1965 година, Стивен потпишал договор Ardmore & Beechwood и снимил неколку демо песни.[16]
Стивен почнал да ги изведува своите песни во лондонските кафулиња и пабови. На почетокот сакал да формира бенд, но потоа сфатил дека повеќе би успеал како солист.[7] Сметајќи дека неговото родено име тешко се помни, тој го избрал уметничкото име Кет Стивенс, во одредена мера затоа што една девојка му рекла дека има очи како мачка, но најмногу затоа што „Не можев да замислам некој да влезе во продавница за плочи и да го побара албумот на Стивен Деметри Георгиу. А во Англија, а бев убеден и во Америка, луѓето ги сакаат животните“.[17]
Во 1966 година, на 18-годишна возраст, бил забележан од менаџерот и продуцент Мајк Херст, поранешен член на британската група the Springfields. Херст му помогнал да потпише договор за снимање. Први песни на Кет Стивенс биле хитовите: „I Love My Dog“ (28-мо место на UK Singles Chart) и „Matthew and Son“ (2-ро место).[18] „I'm Gonna Get Me a Gun“ била втора негова песна во топ-10 во Обединетото Кралство (шесто место), а неговиот албумот Matthew and Son се искачил на 7-мото место на топ-листата за албуми во Велика Британија.[19]
Во текот на следните две години, Стивенс снимал и бил на турнеја со разноврсна група уметници, од Џими Хендрикс до Енгелберт Хампердинк. Тој бил сметан за нова тинејџерска ѕвезда, а неколку негови сингл изданија се нашле на британската топ-листа за поп музика.[20]
Вториот албум New Masters (1967) не бил успешен во Британија, но подоцна предизвикал интерес бидејќи на него била песната „The First Cut Is the Deepest“, која станала хит во изведба на Род Стјуарт, Џејмс Морисон и Шерил Кроу.
Стивенс во 1969 година заболел од туберкулоза.[10] [21] Според неговите подоцнежни кажувања, додека постојано работел во студиа и на турнеи „тој многу пушел, заборавал да јаде и воопшто не се грижел за себеси“. Откако се појавиле првите симптоми на болеста, лекарот му рекол дека се работи за настинка. Но, тогаш Стивенс почнал да кашла крв. Веднаш бил испратен во клиника каде му била откриена туберкулозата. Бил на раб на смрт.[21] Неколку месеци се опоравувал во болница и една година закрепнувал од последиците на болеста.
Почнал да медитира, и да практикува јога и метафизика,[22] читал за други религии и станал вегетаријанец.[17] Како резултат на неговата тешка болест и долгото закрепнување [22] и како дел од неговото духовно будење, напишал 40 песни, а многу од нив подоцна ќе се појават на неговите албуми.[23]
Незадоволен од слабата продажба на неговиот втор албум и од музичкиот стил кој сакал да му го наметне неговиот менаџер Мајк Херст,[15] Стивенс намерно го саботирал склучениот договор со Херст со цел: да биде ослободен од договорот со Deram Records, филијала на Decca Records.[18]
Откако се опоравил, Стивенс на сопствен магнетофон снимил неколку негови новонапишани песни. Тој ангажирал нов менаџер, Бери Крост, кој му закажал аудиција со Крис Блеквел од Island Records. Блеквел му дал „можност да ги снима [неговите песни] кога и со кого сака и што било уште поважно за Кет, како што сака“. [22] По препорака на Крост, Стивенс за негов нов продуцент го ангажирал Пол Семвел-Смит, поранешен басистот од Yardbirds.
Семвел-Смит го запознал Стивенс со гитаристот Алун Дејвис, кој во тоа време работел како сесиски музичар. Тие прво требало само за да го снимат албумот Mona Bone Jakon,[24] но набрзо се спријателиле. Дејвис, како и Стивенс, бил перфекционист,[25] присуствувал на сите проверки на звукот за да види дали целата опрема и звук се подготвени за концерт.[26]
Прва објавена песна од Mona Bone Jakon била „Lady D'Arbanville“, која Стивенс ја напишал за неговата девојка Пети Д'Арбанвил . Плочата се продала во над 1 милион примероци.[27] Mona Bone Jakon бил меѓу првите примери на солистички кантавторски албум кој потоа станал популарен и меѓу другите уметници. Списанието Ролинг Стоун популарноста на албумот ја споредил со онаа на Tumbleweed Connection од Елтон Џон.[28]
Mona Bone Jakon бил претходник на албумот со кој Стивенс ќе се пробие на меѓународната сцена, Tea for the Tillerman. Во рок од шест месеци од неговото издавање, албумот бил продаден во над 500.000 примероци, и добил статус на златна плоча во Обединетото Кралство и во САД. Комбинацијата на новиот фолк рок стил на Стивенс со текстовите од песните, кои се осврнувале на секојдневни ситуации и проблеми, оттогаш биле дел од неговата музика. Во 2001 година, RIAA овој албум го сертифицирала како мулти-платинеста плоча, со продадени 3 милиони копии во САД во тоа време.[29] Исто така, во 2003 година овој албум Ролинг Стоун го рангирал на 206-то место на нивната листа од „500 најдобри албуми на сите времиња“.[30]
Откако раскинале со Д'Арбанвил, Стивенс увидел дека тоа се одразува врз неговото пишување; тој рекол: „Сè што напишав додека бев отсутен беше во еден преоден период и тоа се отсликува во песните. Исто како Пети. Пред една година се разделивме, бевме заедно две години. Она што го напишав за Пети и за моето семејство... кога сега ги пеам песните, учам чудни работи. Доцна ги учам значењата на моите песни...“[30]
Седум месеци, во 1971 и 1972 година, Стивенс бил во врска со популарната пејачка Карли Сајмон. Во тоа време, и двајцата си пишувале песни еден за друг. Сајмон за Стивенс напишала и снимила две песни, „Legend in Your Own Time“ и „Anticipation“. Тој ѝ возвратил со песна, напишана по нивната романса, под наслов „Sweet Scarlet“. [31] [32] [33]
Неговиот следен албум, Catch Bull at Four, објавен во 1972 година, во САД бил албум кој најбрзо достигнал статус на златна плоча (за 15 дена); три недели бил на прво место на Билборд 200 и петнаесет недели на првото место. на австралиската ARIA листа.[34] [35]
Во јули 1970 година, Стивенс за филмот од Јержи Сколимовски „<a href="https://en.wikipedia.org/wiki/Deep_End_(film)" rel="mw:ExtLink" title="Deep End (film)" class="cx-link" data-linkid="392">Deep End</a>“ ја снимил песната "But I Might Die Tonight". [36] Тој со две песни придонел во филмот „Харолд и Мод“ од 1971 година.[37] За потребите на филмот биле искористени уште седум други песни од Стивенс; саундтрак албумот бил објавен дури во 2007 година.[38]
По неговото религиозно преобраќање кон крајот на 1970-тите, Стивенс повеќе не давал дозвола негови песни да се користат во филмови. Но, по речиси 20 години, во 1997 година, продуцентите од филмот Рашмор добиле негова дозвола за користење на неговите песни „Here Comes My Baby“ и „The Wind“.[39] Негови песни биле искористени и во филмовите Во сеќавање на титаните, [40] На чекор до славата [41] и Ние сме Маршал. [42]
Следните негови плочи исто така добро котирале на топ листите и солидно се продавале, но не биле успешни како оние од периодот од 1970 до 1973 година. Во 1973 година, Стивенс се преселил во Рио де Жанеиро, Бразил, во даночен егзил од Обединетото Кралство; но, подоцна тој ги донирал парите на УНЕСКО.[43] Во меѓувреме го објавил албумот Foreigner, кој отстапувал од музиката со која стекнал слава.[44]
Во јуни 1974 година, додека бил во Австралија, му била врачена плакета која ја претставува продажбата на четириесет златни плочи, дотогаш најмногу продадени златни плочи во Австралија.[45]
Во април 1977 година, неговиот албум „Izitso“ го осовременил неговиот поп-рок и фолк-рок стил преку честа употреба на синтисајзери,[46] со што албумот добил синтпоп стил.[47] „Was Dog a Doughnut“, била меѓу првите техно-поп песни и претходник на електро музичкиот жанр од 1980-тите,[48] во која бил користен и музички секвенцер.[49]
Негов последен оригинален албум како Кет Стивенс бил Back to Earth, објавен кон крајот на 1978 година. Откако Стивенс ја напуштил Decca Records, тие неговите први два албума ги здружиле во комплет; подоцна неговите понови издавачки куќи го направиле истото, а и Стивенс исто така објавил компилации. Негов најуспешен компилациски албум бил Greatest Hits од 1975 година, кој е продаден во над 4 милиони копии во САД.
Стивенс формално ја прифатил муслиманската вера на 23 декември 1977 година, а во 1978 година го сменил името во Јусуф Ислам. Тој ја прекинал својата поп-кариера; последен пат (пред неговата 25 годишна музичка пауза) настапил на хуманитарниот концерт за Меѓународната година на детето на УНИЦЕФ на 22 ноември 1979 година на стадионот Вембли.[50]
По кратка свршувачка со Луиз Вајтман, [51] Ислам на 7 септември 1979 година се оженил со Фаузија Мубарак Али.[50] Имаат еден син, четири ќерки и девет внуци; [52] уште еден син им починал во детството. [53] Имаат куќа во Лондон, но во моментов претпочитаат да поминуваат многу време во Дубаи.[54] [55]
Музиката на Кет била влијателна. Многу пејачи навеле дека влијаел на нивната музика и/или го пофалиле квалитетот на неговата музика. Меѓу нив се Пол Макартни од Битлси, Доли Партон, Ијан Андерсон од Џетро Тал, Линдзи Бакингем од Флитвуд Мек, Џон Фрушанте од Ред Хот Чили Пеперс, Питер Гејбриел, Нил Роџерс од CHIC, Карли Сајмон, и други.[56]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.