Кралство Баварија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Баварија (германски: Königreich Bayern; баварски: Kinereich Bayern) — германска држава која го наследила поранешното Изборно Кнежевство Баварија во 1805 година и продолжило да постои до 1918 година, до крајот на Првата светска војна. Баварскиот изборен кнез Максимилијан IV Јосиф од семејството на Вителсбах станал првиот крал на Баварија во 1805 година како Максимилијан I Јосиф. Династијата Вителсбах ќе ја имаат круната на Баварија сè до распадот на кралството во 1918 година.
Кралство Баварија | ||||||
Königreich Bayern Kinereich Bayern | ||||||
Изборен кнез на Свето Римско Царство (1805–1806) Конфедеративна држава на Рајнски Сојуз (1806–13) Држава на Германски Сојуз (1815–66) Федеративна држава на Германско Царство (1871–1918) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Кралството Баварија (зелено) во рамките на Германскиот Сојуз (темно сива) во 1815 година | ||||||
Кралството Баварија во рамките на Германското Царство со ексклавата Пфалц | ||||||
Главен град | Минхен | |||||
Јазици | Баварски, горногермански дијалекти | |||||
Вероисповед | Мнозинство: Римокатоличка црква Малцинство:
| |||||
Уредување | Уставна монархија | |||||
Крал | ||||||
- | 1805–1825 | Максимилијан I Јосиф | ||||
- | 1825–1848 | Лудвиг I | ||||
- | 1848–1864 | Максимилијан II | ||||
- | 1864–1886 | Лудвиг II | ||||
- | 1886–1913 | Ото | ||||
- | 1913–1918 | Лудвиг III | ||||
Принц Регент | ||||||
- | 1886–1912 | Принц Луитполд | ||||
- | 1912–1913 | Принц Лудвиг | ||||
Министер-претседател | ||||||
- | 1806–1817 | Максимилијан фон Монтгелас | ||||
- | 1912–1917 | Георг фон Хертлинг | ||||
- | 1917–1918 | Ото Ритер фон Дандл | ||||
Законодавство | Парламент на Баварија | |||||
Историски период | Наполеонови војни / Прва светска војна | |||||
- | Мир во Пресбург | 26 декември 1805 | ||||
- | Основана | 26 декември 1805 | ||||
- | Договор од Рид | 8 октомври 1813 | ||||
- | Договор од Париз | 30 мај 1814 | ||||
- | Обединување на Германија | 18 јануари 1871 | ||||
- | Ноемвриска револуција | 9 ноември 1918 | ||||
- | Анифска декларација | 12 ноември 1918 | ||||
Површина | ||||||
- | 1910 | 75865 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1910 | 6524372 | ||||
Густина | 86 жит/км² | |||||
Валута | Јужногермански гулден, (1806–1873) Германска златна марка, (1873–1914) Германска Папирмарка (1914–1918) | |||||
Денес во | Германија | |||||
Поголемиот дел од границата на покраината Баварија во современа Германија била воспоставена по 1814 година со Парискиот договор, во кој Кралството Баварија го отстапило Тирол и Ворарлберг на Австриското Царство додека ги добило Ашафенбург и Вирцбург.
Со обединувањето на Германија во Германското Царство во 1871 година, кралството станало федеративна држава на новата империја и било второ по големина, моќ и богатство само по водечката држава, Кралството Прусија. Во 1918 година, Баварија станала република по Ноемвриската револуција, и на тој начин кралството го наследила сегашната покраина во Германија, Слободната држава Баварија.