Знаме на Баварија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знаме на Баварија (германски: Staatsflagge Bayerns) — еден од симболите на сојузната германска држава Баварија.
Назив | Rautenflagge |
---|---|
Употреба | граѓанско, државно и пловно знаме |
Сразмер | 3:5 |
Усвоено | Историско (13 век) |
Опис | Низа од 21 или повеќе дијаманти од сина и бела боја. |
Варијанта на знамето на Баварија | |
Назив | Streifenflagge[1] |
Употреба | граѓанско, државно и пловно знаме |
Сразмер | 3:5 |
Усвоено | 1806 |
Опис | Две хоризонтални полиња - бело и сино |
Официјално, Баварија има две знамиња, двете усвоени на 16 ноември 1953 година, и двете во сооднос 3:5. Знамињата ги користат традиционалните бои на земјата - бела и сина. Не постојат правила во кој случај се користи едното или другото знаме.
Првата верзија („знаме со риги“), се состои од две хоризонтални полиња со иста широчина - горното е бело, додека долното е сино.
Втората опција („знаме во облик на дијамант“) се состои од бели и сини дијаманти кои се наизменично распоредени. Во овој случај, бројот на ромбови не треба да биде помал од 21, а резот на ромбот во горниот десен агол треба да биде бел.[2]
Претставувањето на грбот на Баварија на знамето не е правилно, но понекогаш се употребува.[3]
Двете знамиња се историски поврзани со кралското баварско семејство Вителсбах, кое владеело со Баварија од 1180 до 1918 година.