Лизо
американска пејачка и раперка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мелиса Вивиен Џеферсон (англиски: Melissa Viviane Jefferson; родена на 27 април 1988 година),[1] широко позната како Лизо (англ. Lizzo) ― американска раперка и пејачка. Родена е во Детроит, а на десетгодишна возраст со семејството се преселила во Хјустон. Подоцна се преселила во Минеаполис, каде што ја започнала својата кариера во хип хоп музиката. Пред да потпише со Nice Life Recording Company и Atlantic Records, Лизо објавила два студиски албуми, Lizzobangers (2013) и Big Grrrl Small World (2015). Нејзиното прво ЕП со голема издавачка куќа, Coconut Oil, било објавено во 2016 година.
Лизо | |
---|---|
Лизо на фестивалот во Гластонбери, 2023 | |
Роден(а) | Мелиса Вивиен Џеферсон 27 април 1988(1988-04-27) (36 г.) Детроит, Мичиген, САД |
Образование | Хјустонски универзитет (не дипломирала) |
Занимање |
|
Активен период | 2011–денес |
Лизо се стекнала со поголема популарност по објавувањето на нејзиниот трет студиски албум, Cuz I Love You (2019), кој се искачил на четвртото место на американскиот Билборд 200. Лизо била номинирана во осум категории на 62-те годишни награди Греми, најмногу номинации за таа година, вклучувајќи ги и номинациите во сите категории од „Големата четворка“, и ги освоила наградите за најдобар урбан современ албум, најдобра поп соло изведба за „Truth Hurts“, и Најдобра традиционална R&B изведба за песната "Jerome".
Во 2021 година, Лизо го издала синглот „Rumors“ (со Карди Б ), кој дебитирал во топ-5 на Billboard Hot 100. На нејзиниот четврти студиски албум, Special (2022), му претходел неговиот водечки сингл „About Damn Time“, кој стигнал до прво место на Billboard Hot 100; со овој албум Лизо станала првата црна пејачка по Витни Хјустон (1994 година) која ја освоила наградата Греми за Запис на годината.
Во 2019 година, Тајм ја прогласил Лизо за „забавувач на годината“ за нејзиниот огромен подем и придонес во музиката.[2] Покрај нејзините четири Греми награди, таа има освоено и музичка награда Билборд, награда BET и две музички награди Soul Train.