Витни Хјустон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Витни Елизабет Хјустон (англиски: Whitney Elizabeth Houston; 9 август 1963 – 11 февруари 2012) ― американска пејачка, глумица, продуцент и модел. Го носела прекарот „Гласот“ и таа се смета за една од најдобрите пејачки во историјата на музиката.[1] Хјустон, со продадени преку 220 милиони плочи ширум светот, се вбројува меѓу музичарите со најмногу продадени плочи на сите времиња.[2]
Витни Хјустон | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Витни Елизабет Хјустон |
Роден(а) | 9 август 1963(1963-08-09) Newark, New Jersey, U.S. |
Починал(а) | 11 февруари 2012(2012-02-11) (возр. 48) Beverly Hills, California, U.S. |
Жанрови | R&B, pop, soul, dance, gospel |
Занимања | Пејачка, глумица, модел, филмски продуцент, музички продуцент, текстописец |
Инструменти | Вокал, пијано |
Период на активност | 1977–2012 |
Издавачи | Arista, RCA |
Соработници | Чиси Хјустон, Dionne Warwick, Ди Ди Варвик, Арета Френклин, Џермаин Џексон, Мараја Кери, Енрике Иглесиас, Боби Браун |
Мреж. место | whitneyhouston.com |
Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди ѝ оддаде признание за најнаградуван женски изведувач на сите времиња. Хјустон беше една од светски најдобро продаваните музички артисти, со продадени над 200 милиони албуми, песни и видеа ширум светот.[3][4] Таа издаде шест студиски албуми, еден празничен албум и три албуми со песни за филмови, од кои сите имаат дијамант, мулти-платина, платина и златна сертификација. Преминот на Хјустон на популарните музички топ листи, како и нејзиното истакнување на MTV, започна со со нејзиното видео за “How Will I Know”[5], со што влијаеше на неколку афроамерикански женски артисти да ги следат нејзините стапки[6]
Хјустон е единствениот изведувач што седум пати едноподруго бил на местото број 1 на Billboard Hot 100 hits.Таа е вториот изведувач после Елтон Џон и единствениот женски изведувач што освоил две најдобри награди на Billboard 200 албум наградите (некогаш “Top Pop Album” на топ листите на крајот на годината на магазинот Billboard. Деби албумот од 1985 година, стана најдобро продаваниот деби албум од страна на женски изведувач во времето на неговото издавање. Албумот беше прогласен за најдобар албум во 1986 година од страна на магазинот Rolling Stone и беше рангиран на 254 место на списокот на Rolling Stone за 500 најдобри албуми на сите времиња[7]. Нејзиниот втор студиски албум “Whitney” (1987) стана првиот албум од женски изведувач што дебитираше на првото место на списокот на албуми Billboard 200.
Првата глумечка улога на Хјустон беше во филмот “Телохранител”(1992). Оригиналната музика на филмот победи на Греми наградите за албум на годината во 1994 година. Неговата водечка нумера “I Will Always Love You” стана најпродаван сингл од женски изведувач во музичката историја. Со овој албум Хјустон стана првиот изведувач (соло или група, машки или женски изведувач) што продал повеќе од милион копии од албум во период од една недела под Nielsen SoundScan system. Албумот ја направи најдобар женски изведувач во топ 10 списокот на најдобро-продавани албуми на сите времиња на која се најде на местото број четири. Хјустон продолжи да игра главни улоги во филмови и да соработува на нивните песни, вклучувајќи ги и филмовите “Waiting to Exhale”(1995) и “Preacher’s Wife”(1996). Песната за филмот “The Preacher’s Wife” стана најдобро продаваниот госпел-албум во историјата[8].
На 11 февруари 2012 година, Хјустон беше пронајдена мртва во нејзината гостинска соба во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс, Калифорнија. Подоцнежните резултати покажаа дека таа несреќно се удавила во кадата поради дејството на хроничната употреба на кокаин и срцево заболување. Вестите од нејзината смрт се совпаднаа со Греми наградите 2012 и заземаа значајно место во американските и интернационалните медиуми.[9]
Витни Хјустон добила многу награди и признанија: осум Греми награди, 16 музички награди од списанието Билборд, две Еми награди и соборила 30 Гинисови рекорди. Хјустон е внесена во Гремиевата куќа на славата (двапати), Куќата на славата на рокенролот, Куќата на славата на ритам и блуз музиката, Музичката куќа на славата во Џорџија, Куќата на славата во Њу Џерси и Националниот регистар за музички записи при Конгресната библиотека.