Македонија. Етнографија и статистика
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Македонија. Етнографија и статистика“[1] е книга на бугарскиот географ и политичар Васил К’нчов. Отпечатена е на бугарски јазик во 1900 година во Софија и претставува прва целосна статистика на населението на Македонија објавена во Бугарија. Издавач е Бугарската академија на науките. Книгата е преведена и на француски јазик од Леон Ламуш.
корица на книгата | |
Автор | Васил Иванов К’нчов |
---|---|
Изворен наслов | Македония. Етнография и статистика |
Земја | Бугарија |
Јазик | бугарски |
Издавач | Државна печатница - Софија |
Издадена | 1900 |
Васил К’нчов долги години работел и предавал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун и во Сер, а од 1894 до 1897 година бил главен училиштен инспектор на егзархиските училишта во Македонија. Патувајќи како инспектор, собирал информации на терен за населените места, за етничкиот и религиозен состав на населението, па користејќи и други дотогаш објавени студии и патописи за Македонија, ги објавил во оваа книга.
Во првиот дел од книгата К’нчов дава општи белешки за населението на Балканскиот Полуостров, историски осврт на етничката состојба и промените во етничкиот состав на Македонија во текот на историјата. Потоа пренесува неколку карти со негови коментари во врска со етнографските карти и описи на Франсоа Пуквил, Ами Буе, Август Гризебах, Павел Шафарик, Јосиф Милер, Виктор Григорович, Јохан Георг фон Хан, Гиом Лежан, Џорџина Макензи и Аделина Урби, Густав Вајганд, Хајнрих Киперт и други.
Во вториот дел наречен „Статистика“ дава подробен опис на сите населени места во Македонија по кази, на нивното население, етничкиот состав и религиозната припадност. Целото словенско население на Македонија К’нчов го именува како бугарско.