From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонската лига - Пирин Планина е националноослободителна организација на македонската емиграција во Бугарија создадена по неуспешното Кресненско востание. Целта на организацијата е ослободување на Македонија од Отоманското Царство.[1]
По иницијатива на македонската интелигенција предводена од Васил Дијамандиев и Георги А. Георгов, бил свикан еден собир во Софија на кој присуствувале 1800 активни учесници во војната против Турција. На овој собир било решено борбата да продолжи до ослободувањето на Македонија и да биде формирана Бугарско - македонска лига [1], подоцна преименувана во Македонско - бугарска лига[1], а на крајот како Македонска лига.[1] Лигата формирала управно и законодавно тело, Привремена влада на Македонија - Пирин [2] со единствено политичко и воено раководство. На чело на владата стоел главен војвода, тројца постари војводи и началник на главниот штаб. Војската била разделена на воени единици со по 180 борци, на чело со војвода.[1]
Привремената влада на Македонија - Пирин како највисоко законодавно тело, изработила Органски устав за државно устројство на идната самостојна македонска држава [1][3]. Органскиот устав бил изработен врз основа на Критскиот статус од 1868 година и предвидувал политичка и културна автономија за Македонија, на чело со главен губернатор.[1] Според уставот Македонија и понатаму требало да остане во рамките на империјата но како автономна единица, а македонските поданици да учествуваат во рамките на турскиот државен совет [1]. Во Органскот устав биле определени формата на управата и границите на идната македонска држава. Границите се поклопувале со трите македонски вилаети - Солунскиот, Битолскиот и Косовскиот (без Косово и Метохија) [1]. На чело на Македонија требало да стои генерален губернатор со 12 ресорни министерства, а седиштето на губернаторот и владата требало да се наоѓа во Солун [1].
Лигата се изјаснила за ослободување на Македонија и за создавање на македонска самостојна држава по пат на револуционерна борба и востание [1]. Актите на лигата ја претставуваат идејната матрица за натамошната ослободителна борба на Македонија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.