Република Косово
делумно признаена држава на Балканот From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Република Косово (албански: Republika e Kosovës; српски: Република Косово, Republika Kosovo) или само Косово — еднострано прогласена држава на територијата на Република Србија и делумно признаена држава на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Прогласената држава ја зафаќа српската покраина Косово и Метохија и истата е спорна територија меѓу привремените косовски власти и Србија. Косово нема излез на море и на север и исток граничи со Централна Србија, на југ со Македонија и на запад со Албанија и Црна Гора. Сите три соседни држави Македонија, Албанија и Црна Гора го признаваат Косово како независна држава, со исклучок на Србија. Останатиот дел од границата, поточно северниот и источниот дел, е предмет на контроверзија — заговарачите на независноста на Косово таа линија ја сметаат како меѓународна граница меѓу Косово и Метохија и Србија, додека противниците на оваа идеја сметаат дека е тоа граница меѓу два српски региони: автономна покраина и Централна Србија. Главен град на Косово, а воедно и најголем, е Приштина. Службени јазици на Косово се албанскиот и српскиот јазик.
Владата на Република Косово има де факто власт над големиот дел од територијата на Косово, додека Северно Косово, најголемата енклава на Косовските Срби, е под власт на институциите на Република Србија. Србија не ја признава едностраната независност на овој дел, според меѓународното право кое е нејзина територија. Исто така ја смета за своја покраина која е под администрација на Обединетите нации (УНМИК), во составот на својата суверена територија.
Република Косово е призната од 98 членки на Обединетите нации (~51 %) со што нема мнозинство во ООН, и 22 земји од ЕУ (81%). Рамноправен член е на ММФ, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Советот за регионална соработка на земјите на Југоисточна Европа, како и Меѓународната унија за сообраќај.
Remove ads
Косовскиот спор и војната од 1999 година
Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Статусот на Косово е во фаза на преговори. Според резолуцијата на ОН 1244, Косово сѐ уште е дел од Србија, иако по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како меѓународен протекторат и со воена заштита на КФОР силите на НАТО. Конечниот статус на покраината сè уште е предмет на спор. Претседател на Косово е Вјоса Османи, а премиер е Албин Курти.
Remove ads
Територијална поделба
Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 30 дистрикта или општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на Округот Приштина.
Општини | |
![]() | |
Република Косово |
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads