Македонска народна федерална организација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонска народна федерална организација била национална организација на македонскиот народ со седиште во градот Петрич (Пиринска Македонија) која дејствувала најмногу во Пиринска Македонија, а во помала дејствувала и во останатите делови на Македонија. Нејзини активности за првпат биле забележани уште во август 1943 година, а организацијата била следена и забележана од разузнавачките служби и комунистичките партии на Бугарија, Југославија, Грција и Велика Британија.