Марио Манџукиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марио Манџукиќ (хрватски: Mario Mandžukić; р. 21 мај 1986 во Славонски Брод) — поранешен хрватски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач. Тој е поранешен репрезентативец на хрватската репрезентација. Покрај тоа што е познат како плодоносен стрелец, тој е познат и по неговиот извонреден придонес во одбраната и неговата моќ во воздушните двобои.[2][3][4]
Марио Манџукиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Марио Манџукиќ[1] | ||
Роден на | 21 мај 1986(1986-05-21) (38 г.)[1] | ||
Роден во | Славонски Брод, СР Хрватска, СФРЈ | ||
Држава | Хрватска | ||
Висина | &100000000000001860000001,86 м[1] | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 3 септември 2021 (35 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Марсонија | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2004-2005 | Марсонија | 23 | (14) |
2005-2007 | НК Загреб | 51 | (14) |
2007-2010 | Динамо Загреб | 81 | (42) |
2010-2012 | Волфсбург | 56 | (20) |
2012-2014 | Бајерн Минхен | 54 | (33) |
2014-2015 | Атлетико Мадрид | 28 | (12) |
2015-2019 | Јувентус | 117 | (30) |
2019-2020 | Ал-Духаил | 5 | (0) |
2021 | Милан | 10 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2004-2005 | Хрватска 19 | 10 | (3) |
2007 | Хрватска 20 | 1 | (1) |
2005-2007 | Хрватска 21 | 9 | (1) |
2007-2018 | Хрватска | 89 | (33) |
Раководител на екипите | |||
2021– | Хрватска (асистент) | ||
† Учества (Голови). |
Манџукиќ ја започнал својата кариера во Марсонија од родниот Славонски Брод, од каде што се преселил во два загрепски клуба: најпрво во НК Загреб, а потоа и во Динамо Загреб во 2007 година. Како член на Динамо Загреб бил најдобар стрелец во Прва ХНЛ во сезоната 2008-2009. Благодарение на неговите голгетерски способности, во 2010 година направил трансфер во редовите на Волфсбург. По одличното учество на Евро 2012, на коешто со три погодоци бил на делба на првото место на списокот на стрелците, Манџукиќ потпишал за Бајерн Минхен. Во неговата прва сезона во клубот, тој освоил три трофеи: Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите; притоа, тој станал првиот Хрват кој постигнал погодок во финале на Лигата на шампионите. Во 2014 година, Манџукиќ го напуштил Бајерн Минхен и потпишал за Атлетико Мадрид, а една сезона подоцна преминал во редовите на Јувентус за 19 милиони евра. Тој одиграл четири и пол сезони во клубот од Торино освојувајќи четири титули во Серија А, три Купа и два Суперкупа на Италија. По кратко време во катарскиот Ал-Духаил, во зимскиот трансферен период 2021 година потпишал за Милан.
На репрезентативно ниво, Манџукиќ дебитирал за хрватската репрезентација во ноември 2007 под водство на Славен Билиќ. Оттогаш, забележал повеќе од 80 репрезентативни настапи и учествувал на четири големи натпреварувања: европските првенства во 2012 и 2016, и светските првенства во 2014 и 2018 година, од кој на последното Хрватска отишла далеку сè до финалето во кое и покрај тоа што Манџукиќ постигнал гол загубиле од Франција со 4-2.[5] Тој бил избран за Хрватски фудбалер на годината во 2012 и 2013 година.[6]
Во Хрватска е познат по прекарот Манџо,[7] меѓутоа за време на Европското првенство 2012 година со својте одлични настапи го заработил прекарот Супер Марио по истоимениот херој од видеоиграта.[8]