Марсел Марсо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марсел Марсо (француски: [Marcel Marceau] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); Стразбур, 22 март 1923 - Каор, 22 септември 2007 ) — француски глумец и пантомимичар најпознат по неговата улога на кловнот Бип. Пантомимата ја доживувал како уметност на тишината и настапувал професионално ширум светот преку 60 години. Како момче, живеел во бекство и работел францускиот отпор во текот на поголемиот дел од Втората светска војна. Во август 1944 година после ослободувањето на Париз настапил пред преку 3.000 војници.[1] Студирал драмски уметности и пантомима во Париз. Во 1959 година основал сопствено училиште за пантомима во Париз и дополнително ја основал фондацијата Марсо за да ја промовира уметноста во САД. Меѓу разните награди и признанија именуван е за „Велик офицер на Легијата на честа“ (1998) и го добил „Националниот орден за заслуги на Франција (1998). Ја добил и наградата Еми за својата работа на телевизија, избран за член на Академијата на ликовни уметности во Берлин и прогласен е за „Национално богатство“ во Јапонија.[1] Бил пријател со Мајкл Џексон скоро дваесет години и Џексон рекол дека користел некои од техниките на Марсел во своите танцови чекори.[2]