![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/78/Michael_Collins_himself.jpg/640px-Michael_Collins_himself.jpg&w=640&q=50)
Мајкл Колинс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајкл Џон Колинс (англиски: Michael Collins, ирски: Mícheál Ó Coileáin; 16 октомври 1890 - 22 август 1922) — ирски национален деец и револуционер, учесник во ирското револуционерно движење, министер за финансии и претставник во Ирското собрание (Dáil Éireann) во 1919 година, раководител на разузнавачката служба на Ирската републиканска армија (Óglaigh na hÉireann), член на ирската делегација која го потпишала Англо-ирскиот договор (An Conradh Angla-Éireannach).
Мајкл Џон Колинс | |
---|---|
16 октомври 1890 - 22 август 1922 | |
![]() ирски револуционер и национален херој | |
Прекар: | Мајк |
Служба во: | ![]() |
Период на служба: | 1910 - 1922 |
Чин: | ![]() ![]() |
Единици: | Дванаесет апостоли |
Командува/л со: | Ирска републиканска армија • Национална армија |
Битки/војни: | Велигденско востание • Ирска војна за незвисност • Ирска граѓанска војна |
Други занимања: | политичар |
Подоцна ги извршувал должностите претседателот на Привремената влада на јужна Ирска и врховен командант на Националната армија. Во текот на својата револуционерна дејност, барем од 1919 година, тој исто така бил претседател на Ирското републиканска братство, а според нормативните акти на самото Братство, тој бил и претседател на Ирската Република. Колинс беше застрелан и убиен во август 1922 година, за време на Ирската граѓанска војна.
Мајкл Колинс е една од најмаркантните и најконтроверзните фигури на ирската борба за независност, човек кој со својата дејност за ирското ослободување зазема место во многубројни научно-историски полемики и дискусии. Колинс се чествува како ирски национален херој кој со својата тактичност упеал да ги принуди британските власти да седнат на преговарачака маса за конечно решавање на Ирското прашање, меѓуто истовремено се обвиненува, поради прифаќањето и потпишувањето на Англо-ирскиот договор, се посочува како еден од главните виновници за поделба на Ирска на два дела: Република Ирска и Северна Ирска.