Република Ирска (ирски: Poblacht nah Éireann, англиски: Republic of Ireland) е официјалниот „опис“ (како што е дефинирано со ирскиот закон) на независната држава што покрива приближно пет шестини од островот Ирска кој се наоѓа релативно блиску до северозападниот брег на Европа. Република Ирска е најзападната држава на Европската Унија и има развиена економија и население од приближно четири милиони жители. Според ирскиот устав, официјалното име на земјата е едноставно Ирска (на ирски: Éire, на англиски: Ireland). Главен град на Ирска е Даблин.

Кратки факти Ирска Éire / Ireland, Службен јазик ...
Ирска
Éire / Ireland
Thumb Thumb
Знаме Грб
Химна: Amhrán na bhFiann
"Песната на војниците"

Thumb
Местоположбата на  Ирска  (темнозелено)

 на Европскиот континент  (светлозелено и сиво)
 во Европската Унија  (светлозелено)   [Легенда]

Местоположбата на  Ирска  (темнозелено)

 на Европскиот континент  (светлозелено и сиво)
 во Европската Унија  (светлозелено)   [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Даблин
53°20.65′N 6°16.05′W
Службен јазик
Народности 
  • 87.4% ирци
  • 7.5% други белци
  • 1.3% азијати
  • 1.1% црнци
  • 1.1% мешани
  • 1.6% неопределени
[1][2]
Демоним Ирец
Уредување унитарна парламентарна република
   Претседател Мајкл Хигинс
   Премиер Сајмон Харис
Законодавство Оиреахтас
   Горен дом Сенад
   Долен дом Дајл
Независност од Обединетото Кралство
   Објавена 24 април 1916 
   Потврдена 21 јануари 1919 
   Призната 6 декември 1922 
   Тековен устав 29 декември 1937 
пристапила во ЕУ 1 јануари 1973
Површина
   Вкупна 70,273 км2 (118.)
   Вода (%) 2.0
Население
   проценка за 2021 г. 5.011.500[3] (122.)
   Попис 2016 4.761.865 
   Густина 71.3 жит/км2 (113.)
БДП (ПКМ) проценка за 2021 г.
   Вкупен $561 млд.[4] (44.)
   По жител $111.360[4] (3.)
БДП (номинален) проценка за 2021 г.
   Вкупно $516 млд.[4] (29.)
   По жител $102.394[4] (3.)
Џиниев коеф. (2019)28.3
низок · 23.
ИЧР (2019) 0.955[5]
многу висок · 2.
Валута Евроa (EUR)
Часовен појас WET (UTC+0)
   (ЛСВ) IST (UTC+1)
Датумски формат дд/мм/гггг
Се вози на лево
НДД .ieb
Повик. бр. +353
а. пред 2002: Ирска фунта.
б. Се користи заедно со .eu.
Затвори

Останата шестина од островот Ирска е позната како Северна Ирска и претставува дел на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Ирска е парламентарна република која своја основа наоѓа во Уставот кој бил усвоен во 1937 година. Парламентот (Oireachtas) е формиран од Претседателот и од два Дома: Дом на пратеници (Dail Eireann) и Сенат (Seanad Eirann). Претседателот (Uachtaran na hEireann) управува со државата 7 години додека двата Дома можат да бидат избрани најдолго 5 години.

Ирскиот народ потекнува од келтските племиња кои се населиле на островот уште од древни времиња и успеале да дадат отпор против туѓите напади.

Потекло на поимот

Историја

Првото познато населување на територијата на денешна Република Ирска било во околу 8000 п.н.е., кога носителите на мезолитната култура се населиле во Велика Британија и Европа. Се смета дека тие се населиле по земјиште, односно во тоа време не постоел островот Велика Британија, туку бил дел од тлото на европскиот континент. Од нивното време, денеска има многу малку зачувано некои артефакти и е многу малку познато. Пд нив останале само археолошките објекти. Повеќе познанство има за нивните потомци, кои се населиле главно од Пиринејскиот Полуостров. Од тоа неолит|неолитско време, во минатите векови биле отквиени разни споменици и гробници.

По пристигнувањето на Свети Патрик на островот во 5 век, христијанството започнало постепено да се проширува. Ирска со текот на времето се претворила во центар на манастирскиот живот на монасите. Подоцна, Ирска изиграла голема улога за распространувањето на христјанството низ Европа. Според една легенда, Свети Патрик ги прогонил змиите од островот

Во околу 800 година бил даден почетокот на викинската инвазија во Ирска. Во 1169 година бил даден почетокот на норманското управување на чело со графот Ричард Стронгбој. Подоцна, со државата владееле англичаните. Во времето на реформацијата, избувнале повеќе немири и востанија од 1534 до 1691 година. Во текот на тој период, англичаните провеле политика на колонизирање на ирските територии, населувајќи се голем број на англиски и шкотски протестанти.

Во 1613 година, 85% од вклупниот број на население се католици. Но, тие го изгубиле мнозинството си во парламентот. Кон крајот на векот, официјално им било забрането да бидат дел од парламентарните групи. Политичката власт преминала во рацете на англиканците, додека католичкото општество било изложено на голема дискриминација. Во 1801 година бил укинат парламентот, и Ирска станала дел од Обединетото кралство Велика Британија и Ирска. Во текот на 1829 година, католиците добиле право да бидат избирани во парламентот, но нивните права биле значително намалени.

Во текот на 19 век, Ирската парламентарна партија започнала политичка кампања за добивање на автономија. Таа во голема мера постигнала успех, но со започнувањето на Првата светска војна истата била укината. Во 1922 година, по Ирската војна за независност, 26 од 32 грофовии се оделиле од Обединетото кралство, образувајќи Ирска слободна држава која од 1948 година се нарекува Република Ирска. Останатите грофовии остануваат во составот на Обединетото кралство, под името Северна Ирска.

Географија и клима

Република Ирска единствен сосед и е Северна Ирска која припаѓа на Обединетото Кралство. Западно од Република Ирска се наоѓа Атлантскиот Океан, на североисток Северниот канал, а на исток Ирското Море. Климата во Република Ирска е умерена.

Политички систем

Административна поделба

Ирска е првостепено поделена на 4 главни покраини. Кои понатаму се делат на грофовии.

Повеќе информации Покраина, Население ...
Покраина Население Површина (км²) Најголем град
 Алстер1.993.91824.481Белфаст
 Конахт503.08317.713Голвеј
 Ленстер2.292.93919.774Даблин
 Манстер1.172.17024.608Корк
Затвори

Стопанство

Население, јазик

Религија

Повеќе информации Верници во Ирска ...
Верници во Ирска
Католици
 
86,8 %
Ирска Црква
 
3,7 %
Муслимани
 
0,8 %
Презвитеранти
 
0,6 %
Православни
 
0,5 %
Методисти
 
0,3 %
Други
 
5,8 %
Затвори

Според последната анкета која била спроведена во 2005 година од страна на Евробарометар[6] , 73% од населението на Ирска рекле дека постои Бог и дека веруваат во него, 22% рекле дека веруваат дека постои некоја друга натприродна сила и 4 % рекле дека не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила.

Култура

Ирска како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Јас сум од Ирска“ (I am of Ireland) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[7]
  • „Песната на црвениот Ханрахан за Ирска“ (Red Hanrahan's Song About Ireland) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[8]
  • „На Ирска од идните времиња“ (To Ireland in the Coming Times) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[9]
  • „Ирско срцебиење“ (Irish Heartbeat) - музички албум на северноирскиот пејач Ван Морисон и групата „Чифтанс“ (The Chieftains) од 1988 година.[10]
  • „Моето патување во Ирска“ (My Trip To Ireland) - композиција на американската џез-група „Лаунџ лизардс“ (The Lounge Lizards) од 1987 година.[11]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.