Мајк Мењан (роден на 3 јули 1995 во Кајена, Француска Гвајана) — француски професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан, во италијанската Серија А, на позиција голман и за Фудбалската репрезентација на Франција.

Кратки факти Мајк Мењан, Лични податоци ...
Мајк Мењан
Thumb
Мајк Мењан во 2022 година во дресот на Милан
Лични податоци
Полно име Мајк Петерсон Мењан[1]
Роден на 3 јули 1995(1995-07-03)(29 г.)[2]
Роден во Кајена, Француска Гвајана
Висина 1.91 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан Милан
Број 16
Младинска кариера
2003–2009 ФК Вилиерс ле Бел
2009–2015 ПСЖ Б
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012–2015 ПСЖ Б 42 (0)
2015–2017 Лил Лил 2 10 (0)
2015–2021 Лил Лил 149 (0)
2021– Милан Милан 60 (0)
Репрезентација
2010–2011 Франција U16 10 (0)
2011–2012 Франција U17 12 (0)
2012–2013 Франција U18 5 (0)
2013 Франција U19 3 (0)
2014 Франција U20 1 (0)
2015–2016 Франција U21 6 (0)
2020– Франција 10 (0)
Затвори

Мењан се развил преку академијата на ПСЖ, но никогаш не заиграл за првиот тим. Во 2015 година, тој се приклучи на Лил за 1 милион евра и станал прв избор во 2017 година. Тој бил избран за голман на годината во Лига 1 во годината 2018–19, и ја освоил титулата во лигата во сезоната 2020–21. Потоа се преселил во Милан за 15 милиони евра, освојувајќи ја Серија А во својата прва сезона и станал дел од Тимот на сезоната.

Рани години

Мајк Мењан е роден во Кајена, Француска Гвајана, од мајка по потелко од Хаити и татко од Франција[3][4].

Клубска кариера

Париз Сен Жермен

Мењан настапувал во пониските категории на Париз Сен Жермен, пред да биде промовиран во 2013 година во првиот тим. Учествувал во Младинската лига на УЕФА 2013–14 во која неговиот тим стигнал до четврт-финалето, и бил елиминиран од Реал Мадрид[5].

Во јуни 2013 година, Мењан го потпишал својот прв професионален договор, во траење од три години[6]. На 18 декември, тој за прв пат бил во составот на еден натпревар, во победата од 2-1 над Сент-Етјен во осминафиналето на Купот на Ла Лига[7]. На 19 јануари 2014 година, тој бил вклучен во натпревар од Лига 1 за прв пат, останувајќи на клупата во победата од 5–0 над Нант на Паркот на принцовите[8].

Лил

Во август 2015 година, Мењан потпишал за ФК Лил за 1 милион евра со петгодишен договор[9]. Тој го направил своето професионално деби на 18 септември во ремито 1-1 против Рен, како замена откако Винсент Енјама бил исклучен во 69 минута. Во својот прв допир, тој одбранил пенал, но по пет минути, тој примил гол од истиот играч[10].

На почетокот на сезоната 2017–18, во вториот натпревар од сезоната во загубата од 3:0 во Стразбур, тој бил исклучен затоа што ја исфрлил топката кон противникот[11]. Следната сезона, тој постојано бил избор број еден голман а Лил завршил како вицешампион. Самиот Мењан бил избран за голман на годината. Неговиот рекорд бил 30 примени голови, 17 чисти, 233 одбрани и три одбранети пенали[12].

Во периодот 2020–21 година, Мањан ја освоил титулата во Лига 1[13], завршувајќи ја сезоната со 21 чисти мрежи, една помалку од рекордот во лигата[14].

Милан

На 27 мај 2021 година, Мењан се согласил да потпише за италијанскиот клуб од Серија А, Милан на петгодишен договор, кој започнал да важи од 1 јули[15] . Дебитирал на 23 август, во победата од 1:0 против Сампдорија[16].

Меѓународна кариера

Мањан настапувал за Франција на секое ниво од под 16 години до 21 година. Тој бил капитен на репрезентацијата до 17 години на Европското првенство во Словенија 2012 година[17][18]. Тој го имал својот прв повик во мај 2019 година, пред квалификациите за УЕФА Евро 2020 против Турција и Андора и пријателскиот натпревар со Боливија[19]. Тој дебитирал на 7 октомври 2020 година како замена за Стив Манданда на полувреме на пријателскиот натпревар против Украина, кој завршил со победа од 7-1 на „Стад де Франс[20]. Во мај 2021 година, тој бил повикан за Евро 2020[21].

Статистика

Обновено на 13 август 2022[2]
Повеќе информации Клуб, Сезона ...
Appearances and goals by club, season and competition
Клуб Сезона Лига Национален куп Лига куп Европа Вкупно
ЛигаНат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.
ПСЖ Б 2012–13 CFA 2020
2013–14 CFA 190190
2014–15 CFA 210210
Вкупно 420420
Лил II 2015-16 CFA 2 8080
2016-17 CFA 2020
Вкупно 100100
Лил 2015-16 Лига 1 40001050
2016-17 Лига 1 704010120
2017-18 Лига 1 3401010360
2018-19 Лига 1 3803010420
2019-20 Лига 1 28030006[б 1]0370
2020–21 Лига 1 380208[б 2]0480
Вкупно 1490130401401800
Милан 2021–22 Серија А 320403[б 1]0390
2022–23 Серија А 220007[б 1]0290
2023–24 Серија А 00000000
Вкупно 5404000100680
Вкупно 2550170402403000
Затвори

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.