Метро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Метро (множина: метроа; скратено од метрополитен), познато и како подземна железница — градски, приградски, метрополски или комбинација од нив, брз јавен железнички превоз, честопати целосно или делумно патува под земја. Метрото застанува на метростаниците во населени места, како и во близина на важни превозни центри, знаменитости и други места. Линиите на метрото и нивните посебни делови можат да бидат под земја (тунели), наземни и надземни (мостови и надвозници). Вкупната должина на линиите се менува во различни градови и може да достигне 2 — 3 км до 1300 км (во Њујорк).[1]