From Wikipedia, the free encyclopedia
Милан Јовановиќ (роден на 18 април 1981 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позициите како напаѓач.
Тој ја започнал својата кариера со екипата на ФК Војводина, но имал и кратки периоди поминати во клубовите на Шахтјор од Доњецк и Локомотив од Москва. Подоцна тој се приклучил на екипата на Стандард од Лиеж, каде што бил прогласен во 2008 година за играч на годината во белгиската Про лига. Наредната година ја освоил белгиска Златна копачка. Во 2010 – 11 тој ја минал сезоната во екипата на Ливерпул. По период минат во екипата на Ливерпул се вратил во Белгија и остатокот од својата кариера ја минал во клубот на Андерлехт.
Јовановиќ за српската репрезентација одиграл вкупно 44 натпревари. Својот прв натпревар за репрезентацијата го имал во 2007 година. За својата селекција постигнал 11 голови. Тренерот Радомир Антиќ создал одличен крилен тандем составен од Милан Јовановиќ и Милош Красиќ. Овој двоец бил запомнат како најдоброто партнерско крило во модерната историја на српската репрезентација. Јовановиќ ја претставувал Србија на Светското првенство во фудбал во 2010 година. Често го нарекувале според неговиот прекар Лане.[1]
Милан бил син на Стаменко и Гордана. Роден е и израснат во местото Бајина Башта. Подоцна во потрага по фудбалската кариера се преселил да живее во Ваљево, Нови Сад и Белград. Настапувал во младинските екипи на ФК Космос од Бајина Башта и ФК Будуќност од Ваљево.
Јовановиќ својот прв натпревар за екипата на ФК Војводина го имал во сезоната 1999-2000. По Војводина настапувал во екипите на Шахтјор од Доњецк и Локомотив од Москва, пред да пристигне во редовите на екипата на Стандард од Лиеж во 2006 година.
Во составот на Стандард од Лиеж, Јовановиќ брзо станал миленик на навивачите. Во својата прва сезона постигнал 14 гола и веднаш го добил прекарот „змија“ поради неговото брзо движење и брзи реакции. Следеле уште две многу успешни сезони во Белгија, при што Јовановиќ одбил трансфер во 2009 година во шпанскиот гигант Реал од Мадрид. Не сакал да замине бидејќи не бил сигурен дека ќе игра редовно во новиот клуб.[2] Јовановиќ имал огромни успеси во Белгија и на 13 јануари 2010 година бил прогласен за играч на годината во Јупилер лигата. Сепак, една година подоцна, кога составот на Стандард од Лиеж ја завршил сезоната на 8-та позиција, Јовановиќ успеал да постигне 10 гола. Оваа сезона била последна како играч во белгиската лига.
Милан Јовановиќ на 8 јули 2010 година му се приклучил на англискиот премиерлигаш Ливерпул на слободен трансфер.[3] Постоеле шпекулации дека ќе бил откажан преддоговорот што го потпишал, откако менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез поднел оставка во јуни 2010 година. Рафаел Бенитез објавил дека тој сака да го доведе играчот во неговиот нов клуб во составот на Интер. Сепак Јовановиќ ја потврдил својата намера да го испочитува неговиот договор во составот на Ливерпул. Во новиот клуб го добил дресот со број 14.[4] [5]
На 29 јули 2010 година, Јовановиќ го одиграл својот прв натпревар за составот на Ливерпул додека тренер бил Рој Хоџсон. Тоа бил натпреварот против екипата на ФК Работнички во Лига Европа. [6]Натпреварот завршил со резултат од 2:0. Својот прв натпревар за новиот клуб на домашен терен го имал против истиот противник во возвратниот натпревар.[7] Првиот натпревар во Премиер лигата го имал на 15 август 2010 година, против составот на Арсенал во нерешениот натпревар од 1:1 на стадионот Енфилд.[8] Својот прв гол за Ливерпул го постигнал на 22 септември, на стадионот Енфилд во Лига Купот против тимот од Втората лига, составот на Нортхемптон Таун.[9] Откако Кени Далглиш ја презел функцијата тренер на Ливерпул на почетокот на 2011 година, Јовановиќ ретко бил повикуван во составот. Понекогаш дури не бил ниту на клупата за резервни играчи.
Во август 2011 година, Јовановиќ се преселил во белгискиот клуб Андерлехт, потпишувајќи двегодишен договор.[10] [11] На 17 март 2013 година Јовановиќ постигнал прекрасен гол против составот на КАА Гент. Тоа бил силен удар од околу 20 метри оддалеченост. Топката завршила во горниот десен агол од голот.[12] За целиот свој претстој во екипата на Андерлехт, тој постигнал 23 гола на 69 првенствени натпревари. Во летото 2013 година Јовановиќ не го продолжил договорот со екипата на Андерлехт. Тоа лето се вратил во Србија и тренирал во Нови Сад. Новинарите започнале да шпекулираат за премин на Босман во екипата на ФК Војводина.[13] Сепак, по заминувањето од екипата на Андерлехт, тој не потпишал договор со составот на Војводина и останал надвор од очите на јавноста поврзани со професионалниот фудбал.
Милан Јовановиќ својот прв натпревар за српската репрезентација го имал на 2 јуни 2007 година против селекцијата на Финска. Србија тој натпревар го добила со резултат од 2:0, а Јовановиќ го постигнал вториот гол за својата репрезентација. Милан Јовановиќ бил најдобар стрелец за составот на Србија во квалификациите за Светското првенство на ФИФА за 2010 година. На 21 мај 2010 година, тој бил вклучен од страна на тренерот Радомир Антиќ во почетниот тим од 23 играчи на репрезентацијата на Србија за Светското првенство на ФИФА 2010 година.[14] На 18 јуни 2010 година, Јовановиќ го постигнал својот прв гол на Светското првенство на ФИФА, против репрезентацијата на Германија, во натпревар од групата Д, кој Србија го добила со резултат од 1:0.[15] На истиот натпревар, Јовановиќ наводно имал хумористична размена на зборови со играчот Марко Марин, кој бил со потекло од Босна и Херцеговина. Имено Марин признал дека кога го заменил соиграчот Томас Милер во 70 минута, Јовановиќ на шега му дофрлил да „трча поспоро“ за да на тој начин и овозможи на селекцијата на Србија да го сочува водството од 1:0.
Во октомври 2011 година, Јовановиќ бил споменат во австралиската серија „ Соседи“, каде Ендрју Робинсон го опишал како „еден од најголемите фудбалери на светот“. Неколку коментатори кои се занимавале со фудбалската проблематика од англиско говорно подрачје изразиле изненадување од таа изјава.[16]
Милан Јовановиќ бил оженет со Наташа и со неа имале три деца Лазар, Душан и Милош.[1]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Лига куп | Континентални натпревари | Други натпревари | Вкупно | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Шахтјор од Доњецк | 2002–03 | Украинска Премиер Лига | 6 | 1 | 1 | 0 | — | 0 | 0 | 0 | 0 | 7 | 1 | |
2003–04 | Украинска Премиер Лига | 0 | 0 | 2 | 1 | — | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 1 | ||
Вкупно | 6 | 1 | 3 | 1 | — | 0 | 0 | 0 | 0 | 9 | 2 | |||
Локомотив од Москва | 2004 | Руска Премиер Лига | 3 | 0 | 1 | 0 | — | 0 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 | |
2005 | Руска Премиер Лига | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | ||
Вкупно | 3 | 0 | 1 | 0 | — | 0 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 | |||
Стандард од Лиеж | 2006–07 | Белгиска Прва Дивизија | 29 | 14 | 6 | 9 | — | 4 | 1 | 0 | 0 | 39 | 24 | |
2007–08 | Белгиска Прва Дивизија | 31 | 16 | 4 | 2 | — | 1 | 0 | 0 | 0 | 36 | 18 | ||
2008–09 | Белгиска Прва Дивизија | 30 | 12 | 0 | 0 | — | 8 | 2 | 2 | 0 | 40 | 14 | ||
2009–10 | Белгиска Прва Дивизија | 26 | 10 | 0 | 0 | — | 11 | 3 | 1 | 0 | 38 | 13 | ||
Вкупно | 116 | 52 | 10 | 11 | — | 24 | 6 | 3 | 0 | 153 | 69 | |||
Ливерпул | 2010–11 | Премиер Лига | 10 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 7 | 1 | 0 | 0 | 18 | 2 |
Андрелехт | 2011–12 | Белгиска Про Лига | 35 | 9 | 0 | 0 | — | 9 | 3 | 0 | 0 | 44 | 12 | |
2012–13 | Белгиска Про Лига | 33 | 8 | 5 | 2 | — | 7 | 2 | 1 | 0 | 46 | 12 | ||
Вкупно | 68 | 17 | 5 | 2 | — | 16 | 5 | 1 | 0 | 90 | 24 | |||
Вкупно во кариерата | 203 | 70 | 19 | 15 | 1 | 1 | 47 | 12 | 4 | 0 | 274 | 98 |
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Србија | 2007 година | 6 | 1 |
2008 година | 5 | 3 | |
2009 година | 12 | 5 | |
2010 година | 10 | 1 | |
2011 година | 9 | 1 | |
2012 година | 2 | 0 | |
Вкупно | 44 | 11 |
Бр. | Датум | Место | Противник | Резултат | Резултат | Натпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 јуни 2007 | Хелсинки олимписки стадион,
Хелсинки, Финска |
Финска | 2:0 | 2:0 | квалификации за Европско првенство 2008 |
2 | 15 октомври 2008 | Ернст Хапел стадион, Виена, Австрија | Австрија | 2:0 | 3:1 | квалификации за Светски Куп 2010 |
3 | 19 ноември 2008 | Стадион на ФК Партизан, Белград, Србија | Бугарија | 1:0 | 6:1 | пријателски натпревар |
4 | 19 ноември 2008 | Стадион на ФК Партизан, Белград, Србија | Бугарија | 2:1 | 6:1 | пријателски натпревар |
5 | 10 февруари 2009 | ГСП стадион, Никозија, Кипар | Кипар | 1:0 | 2:0 | пријателски натпревар |
6 | 28 март 2009 | Стадион Фарул, Констанца, Романија | Романија | 1:0 | 3:2 | квалификации за Светски Куп 2010 |
7 | 10 јуни 2009 | Торсволур, Торшавн, Фарски Острови | Фарски Острови | 1:0 | 2:0 | квалификации за Светски Куп 2010 |
8 | 10 октомври 2009 | Стадион на ФК Црвена ѕвезда, Белград, Србија | Романија | 4:0 | 5:0 | квалификации за Светски Куп 2010 |
9 | 10 октомври 2009 | Стадион на ФК Црвена ѕвезда, Белград, Србија | Романија | 5:0 | 5:0 | квалификации за Светски Куп 2010 |
10 | 18 јуни 2010 | Нелсон Мендела Беј стадион, Порт Елизабет, Јужна Африка | Германија | 1:0 | 1:0 | ФИФА Светски Куп 2010 |
11 | 6 септември 2011 | Стадион на ФК Партизан, Белград, Србија | Фарски Острови | 1:0 | 3:1 | квалификации за Европско првенство 2012 |
Шахтјор Доњецк
Локомотив Москва
Стандард Лиеж
Андерлехт
Индивидуални признанија
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.