Фудбалска репрезентација на Германија

машка фудбалска репрезентација која ја претставува Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Фудбалска репрезентација на Германија
Remove ads

Фудбалската репрезентација на Германија (германски: Die deutsche Fußballnationalmannschaft) е една од трите најуспешни фудбалски репрезентации во историјата на фудбалот.

Кратки факти Прекари(и), Сојуз ...
Remove ads

Историја

Од 1950 до 1990 постоеле две репрезентации од подрачјето на сегашната земја, Западна Германија која трипати била светски шампион и Источна Германија која немала значајни резултати. Првиот натпревар заедничката репрезентација го одиграла на 13 декември 1990 кога заиграле Матијас Замер и Улф Кирстен. Едно време за репрезентацијата на Германија играле и Австријци и тоа пред Втората светска војна кога државата била припоена кон Третиот Рајх. Во 1954 година во Швајцарија ја освоила титулата првак на светот победувајќи ја во финалето Унгарија, со 3-2, иако претходно губела со 0-2. Унгарија до тој момент изиграла 32 натпревари без пораз што и понатаму претставува светски рекорд. Натпреварот е наречен чудото од Берн (по градот каде што се играло). Фриц Валтер го предводел тимот. Титулата имала големо влијание на духот на нацијата и на економското закрепнување на земјата.

Клупското првенство во сојузно ниво, Бундеслигата, е основано во 1963 година. Во тоа време најпознат германски фудбалер бил Уве Зелтер, еден од почесните четири капитен, покрај Валтер, Бекенбауер и Матеус (сите биле светски прваци). Германците следната титула ја освоила во 1974 година со генерацијата на легендарниот Франц Бекенбауер, Пол Брајтнер и еден од најдобрите голгетери на сите времиња Герд Милер. Германските играчи отсекогаш ги карактеризирала дисциплина и упорност. Токму тие особини придонесуввале за многубројните успеси. За сега последната титула ја освоила во 1990 победувајќи ја Аргентина во Италија. Прваци на Европа биле исто така во три наврати. Титулата често се одлучувала во последното коло. Германските клубови биле шест пати прваци на Европа и безброј пати освојувачи на Купот на Европа и Купот на УЕФА. Клубовите и репрезентацијата на оваат земја често се обвинувани дека не играат привлечно[се бара извор] , но уживаат големо почитување и статус во светот на фудбалот.

Remove ads

Стадион

Германија нема национален стадион и натпреварите кои ги игра тимот се одржуваат на различни места во земјата. До сега, стадионите во Берлин биле домаќини на натпреварите. Случајно, Берлин бил домаќин на првиот натпревар на Германија во 1908 година против тимот на Англија. Други поголеми градови во кои Германија игра фудбал се: Хамбург, Штутгарт и Хановер. Вкупно, Германија играла во 39 германски градови.

Remove ads

Прекар

Во Германија, тимот најчесто се нарекува „Nationalmannschaft“ (репрезентација) или „Nationalelf“ (националните единаесет), додека во странските медиуми се именувани како „Mannschaft“ или во превод тимот.

Достигнувања

Светски првенства

Повеќе информации Година, Рунда ...

Европски првенства

Повеќе информации Година, Рунда ...

Конфедерациски куп

Повеќе информации Година, Рунда ...
Remove ads

Надворешни врски

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads