Мовистар Тим
шпанска велосипедска екипа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мовистар Тим (кратенка на екипата според UCI: MOV) — шпанска професионална велосипедска друмска екипа, која учествува во Светската турнеја и има постигнати дванаесет победи во генералниот пласман на големите трки. Главен спонзор на екипата е шпанскиот мобилен оператор Телефоника, а екипата настапува под име на еден од брендовите на телефонското претпријатие Мовистар.[1]
UCI код | MOV | |
---|---|---|
Лоциран | Шпанија | |
Основан | 1980 (1980) | |
Статус | UCI World Tour екипа | |
Велосипеди | Кањон | |
Извршен директор | Еузебио Унзуе | |
Спортски директор | Хосе Висенте „Ченте“ Гарсија Акоста | |
1980–1989 1990–2000 2001–2003 2004–2005 2005 2006 2007–2010 2011– | Рејнолдс Банесто iBanesto.com Ил Балеарс-Банесто Ил Балеарс-Кејс д’Епарњ Кејс д’Епарњ-Ил Балеарс Кејс д’Епарњ Мовистар Тим | |
| ||
Екипата била создадена како Рејнолдс, предводена од Анхел Аројо и подоцна од Педро Делгадо, кој победил на Тур де Франс и на Вуелта а Еспања, а подоцна спонзорирана од Банесто. Под ова име екипата ги забележала најголемите успеси, а во нејзе биле петкратниот победник на Тур де Франс Мигел Индураин и Алекс Циле, двократен победник на Вуелта а Еспања. Подоцнежен спонзор на екипата бил Кејс д’Епарњ, француска банкарска група.
Претходно ги користеле велосипедите Пинарело, но од 2014 година екипата ги користи велосипедите Кањон со делови на Кампањоло. Од 2008 година, Еузебио Унзуе бил предводник на екипата, заменувајќи го долгогодишниот менаџер, Хосе Мигел Ечавари. Спортски директори на екипата се Нил Стивенс, Алфонсо Галилеа и Хосе Луис Хаимерена.