Тур де Франс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур де Франс или Трка околу Франција (француски: Tour de France) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Франција,[1] но може да се случи да поминува и низ соседните земји. Трката била првпат организирани во 1903 за зголемување на продажбата на списанието L'Auto;[2] моментално е водена од Amaury Sport Organisation.[3] Трката била одржувана секоја година по нејзиното прво издание во 1903, освен кога била попречена поради двете Светски војни.[4] Како трката добивала на значајност, станувала сè попопуларна и нејзината слава започнала да се шири низ целиот свет. Првично учествувале само француски возачи, но со зголемувањето на популарност тоа се променило и сега учествуваат возачи од целиот свет секоја година. Тур де Франс е дел од Светска турнеја, што значи дека екипите кои се натпреваруваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[5][6]
Датум | јули |
---|---|
Регион | Франција и соседните земји |
Месно име | Le Tour de France (француски) |
Прекар | La Grande Boucle |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Етапна трка |
Организатор | Amaury Sport Organisation |
Директор на трката | Кристијан Прадом |
Прво одржување | 1903 |
Одржувања | 105 (2018) |
Прв победник | Морис Гарин (ФРА) |
Најмногу победи | [n 1] |
Неодамнешен победник | Герајнт Томас (ВБР) |
Заедно со Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања, Тур ги сочинува трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[7] Традиционално, трката обично се одржува во јули. Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на два хронометра,[1] премин низ планинските масиви на Пиринеите и Алпите и завршницата на Шанзелизе.[8][9] Поновите изданија на Тур де Франс се состоијат од 21 ден возење (етапи) во период од 23 дена.[1]
Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите.[1] Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната жолта маичка.[1][10] Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување со надежи за генералниот пласман, пласманот за млад возач за возачи под возраст од 26 години и екипниот пласман за најбрзите екипи.[1] Трката во 2018 била освоена од Британецот Герајнт Томас, прв велшки и трет британски победник во историјата на Тур де Франс.