From Wikipedia, the free encyclopedia
Монголско Царство (монголски: Монголын Эзэнт Гүрэн) — најголемата непрекината империја на светот и втора најголема веднаш по Британската. Царството се протегала од Виена до Манџурија и од Новогород до Камбоџа. За почеток на царството се смета обединувањето на монголските племиња, прераснала во мала сила која вршела инвазии и подоцна Џингис Хан станал цар во 1206 година.
Монголско Царство Монголын Эзэнт Гүрэн Их Монгол Улс | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1206–1368 | |||||||||||||||||
Motto: Има само Господ на небото и само еден господар, неговиот пратеник, Џингис Кан на земјата | |||||||||||||||||
Статус | царство | ||||||||||||||||
Главен град | Каракорум (1206 – 1259) | ||||||||||||||||
Вероисповед | тенгризам (шаманизам), подоцна будизам, христијанство | ||||||||||||||||
Уредување | Монархија | ||||||||||||||||
Голем Хан | |||||||||||||||||
• 1206-1227 | Џингис Хан | ||||||||||||||||
• 1229-1241 | Огедеј Хан | ||||||||||||||||
• 1246-1248 | Гујук Хан | ||||||||||||||||
• 1251-1259 | Монгке Хан | ||||||||||||||||
• 1260-1294 | Кублај Хан | ||||||||||||||||
Legislature | Курултај | ||||||||||||||||
Историја | |||||||||||||||||
• Џингис Хан ги обединува племињата | 1206 | ||||||||||||||||
• Смрт на Џингис Хан | 1227 | ||||||||||||||||
1260-1264 | |||||||||||||||||
• Смрт на Кублај Хан, конечна поделба на царството | 1294 | ||||||||||||||||
• Падот на Јуан династијата | 1368 | ||||||||||||||||
Валута | монети (како на пример дирами), Сухе, банкнота | ||||||||||||||||
|
Историја на Монголија |
Пред Џингис-хан |
Монголско Царство |
Ханати |
- Чагатајски ханат |
- Златна Орда |
- Илханат |
- Династија Јуен |
Тимуридско царство |
Могулско царство |
Кримски ханат |
Сибирски ханат |
Ѕунгари |
Династија Ќинг |
Република Кина |
Монголска Народна Република (Надворешна Монголија) |
Современа Монголија |
Менгѓанг (Внатрешна Монголија) |
Народна Република Кина (Внатрешна Монголија) |
Бурјатска Монголија |
Калмичка Монголија |
Хазарски Монголци |
Ајмачки Монголци |
Хронологија |
уреди |
Сè до 1279, Монголското Царство покривала околу 33.000.000 km2[1], 22% од вкупната површина на земјата и со население од 100 милиони луѓе. Но и во тоа време, царството се соочувало со поголеми проблеми како на пример недоволната контрола врз Чагатајскиот ханат и Златната Орда и одбивале да бидат под раководство на Џингис Хан[2][3]. Со смртта на Кублај Кан, Монголското Царство се поделило на четири одделни ханати.
На монголски јазик, Монголското Царство се вика Монголын Эзент Гурен, што буквално значи „монголска царска сила“. Покрај тоа име, се користи и их монгол улс, што значи „голема монголска нација/држава“[4]. Се користат обете имиња. Во 1240-тите, еден од потомците на Џингис, Гујук-хан, му напишал писмо на Папа Инокентиј IV во кое го употребил името „Далај Каган“ или „Големата монголска држава“[5].
По војната за наследство меѓу Кублај Хан и неговиот брат Арик, Арик ја ограничил моќта на Кублај на источниот дел на царството. Кублај официјално издал царски указ на 18 декември 1271 за да ја именува земјата „Голем Јуан“ со кој ја воспоставил династијата Јуан.
Областа околу Монголија, Манџурија и делови од Северна Кина била контролирана од династијата Лао од 10 век. Во 1125, династијата Џин основана од страна на Џурчените ја соборила династијата Лао и се обидела да се здобие со контрола врз поранешната територија на Лао во Монголија. Во 1130-тите, владетелите на династијата Џин, познати како Златни кралеви, успешно се спротивставиле на конфедерацијата на Камаг Монгол, со која во тоа време владеел Кабул Кан, прадедото на Џингис Кан[6].
Монголската висорамнина била освоена главно од пет моќни племенски конфедерации: Кераити, Камаг Монгол, Најмани, Меркити и Татари. Царските цареви, по политиката на поделба и владеење, ги охрабриле споровите меѓу племињата, особено меѓу Татарите и Монголците, со цел да ги одржат номадските племиња расеани од сопствените битки, а оттаму далеку од династијата Џин. Наследник на Кабул бил Амбахај Кан, кој бил предаден од Татарите и погубен. Монголците се одмаздиле со напаѓање на границата, што резултирало со неуспешен контра-напад на Џурчените во 1143 година[6].
Во 1147 година, Џин малку ја променил својата политика, потпишувајќи мировен договор со Монголците. Тогаш Монголците продолжиле со нападите врз Татарите за да ја одмаздат смртта на својот покоен хан, отворајќи долг период на активни непријателства. Армиите на Џин и Татар ги победиле Монголците во 1161 година[6].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.