![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bc/Neuron_Hand-tuned.svg/langmk-640px-Neuron_Hand-tuned.svg.png&w=640&q=50)
Неврон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Неврон или нервна клетка — основна единица во градбата на нервниот систем. За разлика од другите клетки во телото, невроните се одликуваат со надразливост, осетливост и спроводливост. Овие одлики се во согласност со нивната специфична функција. Друга одлика што ја прави нервната клетка различна од другите е тоа што таа нема способност за делба, туку таа постојано расте и се развива во текот на животот на поединецот. Особено штетно дејство врз невроните покажуваат никотинот, дрогата и алкохолот.
Кратки факти
Затвори
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6d/GolgiStainedPyramidalCell.jpg/320px-GolgiStainedPyramidalCell.jpg)
Секој неврон се состои од:
- Тело на нервната клетка или невроцит
- Дендрити
- Нервни влакна или аксони (неурит-и)
- Шванова клетка,која лачи миелинска обвивка
- Везикули
- Неврофибрили
- Нислови телца
- Пигментни гранули.