Живот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Живот — одлика на организмите која покажува определени биолошки процеси како што се хемиски реакции и други настани кои резултираат во трансформација. Живите организми се способни за раст и размножување, некои можат да комуницираат и некои можат да се прилагодат кон нивната средина преку промени од внатрешно потекло.[1] Физичка одлика на животот е тоа што тој се храни од негативна ентропија.[2][3] Во поголем детаљ, животот е член на класата појави кои се отворени или континуирани системи способни за намалување на нивната внатрешна ентропија за сметка на супстанциите или слободната енергија преземена од средината и последователно отфрлена во деградирана форма.[4][5]
Живот (Biota) | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Домени и царства | |
Живот на Земјата: |
Ентитет со горенаведените својства се смета дека е жив организам, т.е. животна форма. Не секоја дефиниција за живот ги зема предвид овие својства како есенцијални. а пример, капацитетот за еволуција е понекогаш земен како единствената животна одлика; оваа дефиниција ги вклучува вирусите кои не се класифицираат во потесните дефиниции бидејќи се бесклеточни (ацелуларни) и немаат метаболизам.
Широка лепеза на живи организми може да биде пронајдена во биосферата на Земјата. Својствата на овие организми — растенија, животни, габи, протисти, археи и бактерии — се клеточна форма заснована на вода и јаглеродни соедининија со сложена организација и наследен генетски информации. Тие се подлежни на метаболизам, имаат способност за раст, одговараат на дразби, се размножуваат и преку природна селекција се адаптираат на нивната средина во последователните генерации. За сега нема доказ за вонземски живот.