From Wikipedia, the free encyclopedia
Нина Ананиашвили (грузиски: ნინო ანანიაშვილი; родена како Нино Ананиашвили на 19 март 1963) е грузиска балерина и уметнички директор на Грузискиот државен балет. Таа била опишана од Дејли Телеграф како една од дванаесетте најдобри балерини на сите времиња,[1] а во 2002 година била прогласена за најдобра балерина на годината од страна на US Dance Magazine. Ананиашвили со децении е истакната танчерка на советската, руската и грузиската балетска сцена. Непосредно пред падот на Железната завеса, во 1987 година, еден критичар на списанието Њујорк ја пофалил како „најдоброто нешто во бољшојскиот Жизел, без разлика дали таа се појавува во главната улога или како кралицата на вилите“.[2] Во 2014 година, била објавена снимка од нејзиниот танц во Жизел од 1991 година со Бољшојскиот балет.[3]
Нина Ананиашвили била родена во Тбилиси, Грузиска ССР. Нејзиниот татко, Гедеван, и двајцата постари браќа, Џорџ и Леван, биле геолози; а нејзината мајка Лиа Гоголашвили била филолог. Таа била болно дете и на 4-годишна возраст нејзините родители ја запишале за курс по лизгање на мраз во обид да го подобрат нејзиното здравје. На 10 години таа станала шампионка во нејзината возрасна група во Грузија.
Кога еден наставничка по танц видела како се движи по мразот - особено нејзината рамнотежа и како ги користела рацете - ја убедила да го изведе Лебедот на умирање на лизгалки. Потоа учителката ја однела Нина во театар и ѝ го покажала костимот со пердуви што би можела да го носи ако го изведе на сцената, исто како Маја Плисецка, примабалерината на Бољшојскиот театар.
Во 1969 година, Ананиашвили ги започнала своите студии на Грузискиот државен кореографски институт, каде нејзиниот прв учител била Тамара Виходцева, а познатиот Вактанг Чабукиани ја зел под своја закрила. Нејзиниот напредок бил толку импресивен што го привлекол вниманието на наставниците од Московскиот кореографски институт, кои ги убедиле нејзините родители да ѝ дозволат на Нина да ги продолжи студиите таму. Во 1976 година, таа ги започнала своите студии во Московскиот кореографски институт каде нејзин главен учител била Наталија Золотова. Во 1980 година, таа го направила своето деби на сцената во училишна продукција на Копелија. Дипломирала и станала дел од Бољшојскиот театар во 1981 година.
Во Бољшојскиот театар, Нина ја учеле двајца од најголемите учители во Советскиот Сојуз, Раиса Стручкова и Марина Семенова. Во 1982 година, иако сè уште била член на корпусот, таа ја танцуваше својата прва главна улога со компанијата, како Одета/Одила во Лебедово езеро, за време на турнејата низ Германија. Таа година, таа го направила својот прв настап со странска балетска компанија, Алберта Балет од Канада. Во 1983 година била унапредена во чинот солист и за прв пат настапувала во родниот Тбилиси како професионалец. По кратко време таа станала примабалерина. Таа, заедно со Андрис Лиепа, била првата советска танчерка која се појавила како гостин изведувач со Њујоршкиот балет во 1988 година (таа танцувала во „Рајмонда варијации“, „Аполо“ и „Симфонија во Це-дур“). Во текот на наредните неколку години, Нина Ананиашвили станала меѓународна балетска суперѕвезда. Ананиашвили, исто така, ја имала честа да биде првата советска балерина која настапила со Кралскиот дански балет, а за особен триумф се сметало тоа што танцувало во дела како што се Ла Силфида и Наполи, од данскиот мајстор Август Бурнонвил, кој се смета за национално богатство од многумина.
За време на нејзината кариера настапувала во многу балетски театри во различни земји (на повеќето места настапувала како гостин уметник), и тоа: Бугарија, Данска, Аргентина, Финска, Грузија, Германија, Унгарија Италија, Јапонија, Монако, Норвешка, Португалија, Русија, Србија, Шведска, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Во 1986 година, по долг интервал предизвикан од напнатост во меѓународните односи, на бољшојските танчери им било дозволено уште еднаш да го обиколат Западот. Лондонската изведба на Рајмонда на Ананиашвили била пречекана со воодушевување и од јавноста и од критичарите. Таа година била пресвртница во нејзината кариера. Ананиашвили добила дозвола да прифаќа покани за гостувања надвор од Советскиот Сојуз почнувајќи од 1986 година благодарение на новата политика водена од Михаил Горбачов.
Таа успешно настапила во неколку натпревари: во 1980 година го освоила златниот медал во јуниорската група на 10-тиот Меѓународен балетски натпревар во Варна, Бугарија; во 1981 година таа и Андрис Лиепа освоиле Гран-При во јуниорската група на 4-тиот Меѓународен балетски натпревар во Москва (Андрис Лиепа таму го добил златниот медал). Во 1985 година го освоила златниот медал во сениорската група на 5-тиот Меѓународен балетски натпревар во Москва; во 1986 година, таа и Андрис Лиепа биле наградени со Гран-При на 3-от Меѓународен балетски натпревар на САД во Џексон, Мисисипи, САД.
Таа станала главна танчерка за Американскиот балетски театар во 1993 година, а во 1999 година се приклучи на Хјустоновиот балет со истиот ранг. Таа го имала своето деби со Бостонскиот балет во руско-американската продукција на Лебедово езеро на истата компанија. Успешниот стил и реткиот драмски талент ја претвориле Нина Ананиашвили во една од најпознатите танчерки на модерното време. Ветувајќи поддршка од владата, новоименуваниот грузиски претседател Михаил Саакашвили побарал од Ананиашвили да ја обнови компанијата во обид да ја зајакне националната гордост. Таа се согласила и ја напуштила Русија (и Бољшојскиот балет), за да се врати во Тбилиси.
Почнувајќи од септември 2004 година, таа е уметнички директор на Националниот балетски ансамбл на Грузија. Привлекувајќи помош од многу поранешни колеги и додавајќи многу на репертоарот на компанијата, Ананиашвили во голема мера го ревитализирала Државниот балет.[4] Од 2006 година, таа дејствува како национален амбасадор на добра волја на Обединетите нации за милениумски развојни цели.[5]
Ананиашвили се омажила во 1988 година за Григол Вашаѕе, грузиски дипломат. Тие имаат една ќерка - Елена.
На 23 ноември 2006 година таа станала кума на Николоз Саакашвили, помладиот син на грузискиот претседател Михаил Саакашвили, заедно со украинскиот претседател Виктор Јушченко кој стана кум на детето.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.