Опел Аскона
From Wikipedia, the free encyclopedia
Опел Аскона (германски: Opel Ascona) — голем семеен автомобил дизајниран и произведен од германскиот производител на автомобили Опел. Производството на Опел Аскона траело од 1970 до 1988 година. Моделот бил произведуван во три одделни генерации, започнувајќи со погон на задните тркала и завршувајќи со платформата Ј со преден погон.
Произведувач | Опел (Џенерал моторс ) |
---|---|
Производство | 1970–1988 |
Наследник | Опел Вектра Опел Кадет (Аскона A караван) |
Класа | голем автомобил (D) |
Сродни | Холден Камира Воксхал Кавалиер |
Аскона го зела своето име од Аскона, општина во Швајцарија, а веќе во 1950-тите специјално издание на Опел Рекорд P1 било продавано како Опел Аскона во Швајцарија, каде што името повторно било користено во 1968 година за локално адаптирана верзија на Опел Кадет Б во која производителите вградиле 1,7-литарски мотор позајмен од поголемиот модел Рекорд во тоа време[1]. Но, моделот на Опел Аскона A, кој бил лансиран во 1970 година и се продавал низ цела Европа, сепак, претставува првиот модел на Опел кој го носел тоа име.
Аскона била претставена во септември 1970 година, а производството завршило во август 1988 година. Акона била заменета со Опел Вектра.