Опсада на Виена (1683)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај Виена се одржила на 12 септември 1683 година, откако Османлиското Царство го опсадила градот Виена во период од два месеци. Битката го сопрела повторниот обид на Османликсата империја да ја зазеде престолнината на Австрија. Претходниот обид бил во 1529 година. Оваа битка го означил почетокот на хегемонијата на Хабсбуршката династија во Средна Европа. Полскиот крал Јан III Собиески бил на чело на обединетите полско-австриско-германски сили против османлиската армија под команда на големиот везир Кара Мустафа-паша. Опсадата започнала на 14 јули 1683 година од околу 90 000 војници, меѓу кои и 12 000 јаничари. На 12 септември пристигнала европска армија од околу 84 000 војници и се соочила против Османлиите. Во годините по битката, Хабсбуршката династија ја ослободила јужна Унгарија и Трансилванија од османлиска власт.
Опсада на Виена | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Голема турска војна и Османлиско-хабсбуршки војни | |||||||
Битката кај Виена на 11 септември 1683 |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Света Лига: Полско-литванска Државна Заедница | Османлиско Царство Османлиско Царство: Кримски каганат Кнежевство Трансилванија Влашка Регион Молдавија |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Јан III Собиески Ернст Рудигер фон Стархемнберг | Кара Мустафа-паша | ||||||
Сила | |||||||
84,000 војници
| 150,000 или 300,000 војници
|
||||||
Жртви и загуби | |||||||
2000 убиени, 2500 ранети | Најмалку 10 000 убиени, околу 5000 ранети, повеќе од 5000 заробени, цело оружје запленето |