Офра Хаза
израелска пејачка (1957-2000) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Офра Хаза (хебрејски: עפרה חזה; (19 ноември 1957 – 23 февруари 2000 година) ― израелска пејачка, текстописец и глумица, позната и како „Мадона од Истокот“[1] или „Израелска Мадона“.[2] Поседувала исклучително чист и „нежен“ мецосопран.[3] Во 2023 година, Ролинг Стоун ја ставило Хаза на 186-то место на нивниот список од „200 најдобри пејачи на сите времиња“.[4]
Офра Хаза | |
---|---|
עפרה חזה | |
Офра Хаза во 1981 | |
Роден(а) | Бат-Шева Хаза 19 ноември 1957(1957-11-19) Хатиква, Тел Авив, Израел |
Починал(а) | 23 февруари 2000(2000-02-23) (возр. 42) Рамат Ган, Израел |
Причина за смрт | Компликации од ХИВ |
Активен период | 1969–2000 |
Сопружник | Дорон Ашкенази (в. 1997) |
Потпис |
Офра Хаза потекнувала од еврејско семејство од Јемен (Мизрахи Евреи), а нејзината музика била мешавина од традиционална блискоисточна музика и поп-музика со стихови од еврејски народни приказни и поезија.[5] Кон крајот на 1980-тите, Хаза веќе била популарна во Европа и Америка и редовно била емитувана на MTV.[6] За време на нејзината пејачка кариера, издала многу платинести и златни дискови, а нејзината музика била многу популарна и на клупската сцена.[6] Во 1990-тите, на врвот на нејзината кариера,[7] таа редовно придонесувала со песни во филмски саундтракови,[6] како: Дик Трејси (1990) и Принцот од Египет (1998), а нејзиниот глас често бил користен во хип-хоп музиката. Починала во 2000 година од болест поврзана со СИДА.
Во Израел, Хаза била многу влијателна културна личност и се смета за една од најголемите културни икони во земјата[7] која помогнала да се популаризира Мизрахи културата.[8]