From Wikipedia, the free encyclopedia
ХИВ — кратенка од англискиот поим за вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот (англиски: Human Immunodeficiency Virus). Тој е вирус кој го напаѓа имунолошкиот систем кој помага во заштитата на човекот од болести. Кога нашиот имунолошки сиситем е ослабнат, организмот е помалку способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Сè додека вирусот не го нападне имунолошкиот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
ХИВ се шири преку инфицирани телесни секрети, доколку тие доспеат во крвта кај друг човек. Во следните телесни течности: крв, сперма, пред-семена течност, вагинални секрети и мајчино млеко вирусот го има во доволни концентрации за да може истиот да се пренсе. Додека во пот, солзи, плунка, урина, фецес вирусот го нема во доволна концентрација и преку овие телесни течности вирусот не може да се пренесе.
ХИВ не може да живее долго надвор од организмот. Само по една минута престој надвор од организмот, ризикот за да се инфцирате со ХИВ е многу мал. Вирусот лесно се уништува со сапун и вода, обични дезинфициенси или со сушење.
ХИВ го напаѓа имуниот систем, чија улога е борба против инфекција и спречување на растот на повеќето канцери. Кога ХИВ ќе го нападне имуниот систем, во организмот настанува битка помеѓу имуниот систем и ХИВ, која може да трае повеќе години. Во тој период, инфицираните луѓе не чувствуваат никакви симптоми. Со поминување на времето, доаѓа до оштетување на имуниот систем и тој веќе не може да работи така добро како што работел (не може ефикасно да се брани од инфекции). Инфекциите стануваат потешки (на пример наместо обична настинка, таквото лице ќе добие пневмонија). Може да се развијат ретки канцери.
Тестирањето на крвта ќе покаже дали се присутни антитела на ХИВ, односно дали некое лице е ХИВ позитивно – не постојат клинички знаци кои ќе ви укажат на тоа. Вакво тестирање кај нас може да се направи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Тестовите коишто се прават на оваа клиника се доверливи и бесплатни, односно за изведување на тестот не е потребен упат од матичен лекар. По инфекцијата со вирусот, потребни се три месеци за да се создадат антитела, кои можат да се утврдат со тестот. Можно е, лицето да е инфицирано (да го има вирусот во организмот) пред испитувањето на крвта да го покаже тоа.
Во 2013 година имало 27 заразени со ХИВ во Македонија, а во првите седум месеци на 2014 биле регистрирани нови 26 случаи, од кои дури 25 биле од машки пол. Од нив, 18 лица се инфицирале со полов контакт машко со машко. Во Скопје биле забележани 16 заразени. Во однос на старонатаструктура, 12 заразени лица биле на возраст од 20-29 години, додека 10 лица биле на возраст од 30-39 години. Во 2014 година умреле 2 лица од СИДА. Од 1987 година, кога бил регистриран првиот случај, во Македонија биле забележани вкупно 223 случаи на ХИВ/СИДА. Од нив, најмалиот болен имал само 1 година а најстариот имал 64 години. Притоа, од вкупно 223 регистрирани лица кои биле носители на вирусот ХИВ, 154 биле болни од СИДА, 74 умреле, а другите биле само носители на вирусот.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.