Перец Маркиш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Перец Маркиш (еврејски: פּרץ מאַרקיש; руски: Перец Давидович Маркиш; (7 декември 1895 - 12 август 1952 ) — советски писател со еврејско потекло кој пишувал на еврејски.[1][2] Неговите далечни предци водат потекло од Шпанија. Како дете посетувал хедер и пеел во хорот на локалната синагога. Служи како војник во армијата на Царска Русија во текот на Прва светска војна. Во неговите рани дваесетти, заедно со Лајб Квитко и други, станува член на Киевската група на еврејски поети. Автор е на многу песни, драми и неколку романи. Неговата поезија на руски ја препева Ана Ахматова, како и низа други видни поети. Живее во Берлин, Париз, Лондон, Варшава и Рим пред да се врати во Русија.
Во 1946 година ја добива Сталиновата награда. Иронично, токму по наредба на Сталин, Маркиш, заедно со уште дванаесет други еврејски поети е погубен на Ноќта на убиените поети.