Потсдам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Потсдам (германски: [Potsdam] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); долнолужички: [Podstupim] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — главен град на германската сојузна покраина Бранденбург и дел од метрополитенската област Берлин/Бранденбург. Се наоѓа на реката Хафел, 24 километри југозападно од Берлин.
Потсдам | |
Поглед на Потсдам | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Урбан округ |
Градоначалник | Јан Јакобс (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 187,28 км2 |
Надм. височина | 35−114 м |
Население | 182.112 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 972 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | P |
Пошт. бр. | 14401–14482 |
Повик. бр. | 0331 |
Портал | www.potsdam.de |
Местоположба на градот Потсдам во Бранденбург | |
Координати | 52°24′0″N 13°4′0″E |
Потсдам имал свои моменти на национална и светска слава. Во Германија го има статусот што го има Виндзор во Велика Британија: бил резиденција на пруските кралеви и германските цареви до 1918. Околу градот постојат низи на меѓусебно поврзани езера и уникатни културни знаменитости, како парковите и дворците на Сансуси, најголемото светско културно наследство во Германија. Потсдамската конференција, главната повоена конференција по Втората светска војна помеѓу победничките држави, била одржана во друга палата во областа, Сесилинхоф.
Бабелсберг, во југоисточниот дел на Потсдам, било главно филмско студио пред војната и уживало одреден успех како главен центар на европскиот филм пред падот на Берлинскиот ѕид. Студиото Бабелсберг е најстарото опсежно филмско студио во светот.
Потсдам се развивал како научен центар во Германија од 19 век. Денес, постојат три јавни универзитети и повеќе од 30 истражувачки институти во градот.