Предавања за естетиката
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Предавања за естетиката“ (германски: Vorlesungen über die Ästhetik) — збирка белешки од предавања на Георг Вилхелм Фридрих Хегел на тема естетика на студентите на Хајделбершкиот универзитет во 1818 г. и Берлинскиот универзитет во 1820/21, 1823, 1826 и 1828/29 г. Составена е во 1835 г. од неговиот студент Хајнрих Густав Хото и ги опфаќа белешките на Хегел и оние на студентите направени во текот на предавањето. Се смета дека во збирката, Хото ја претставил Хегеловата мисла на посистематичен начин отколку што тоа го направил самиот филозоф.[1]
Хегеловата работа на ова поле се смета за едно од најголемите дела во историјата на естетиката уште од времето на Аристотел.[2] Неговата теза за „крајот на уметноста“ извршила влијание врз разни значајни мислители како што се Теодор Адорно, Мартин Хајдегер, Ѓерѓ Лукач, Жак Дерида и Артур Данто. Самиот хегел пак, ја развивал својата мисла под влијание на Јохан Јоаким Винкелман, Имануел Кант, Фридрих Шилер и Фридрих Шелинг. Според Хајдегер, „Предавања за естетиката“ претставуваат „најопсежниот осврт на суштината на уметноста што ја има Западот“.[3]