Претседателски избори во САД (1812)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседателски избори во САД, 1812 — 7. по ред претседателски избори во САД. Траеле од 30 октомври до 2 декември 1812, во сенка на Англо-американската војна.
Кратки факти 217 изборни гласови во Изборниот колегиум 109 изборни гласови гласови за победа, Кандидат ...
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означиува сојузните држави каде што победил Медисон додека портокаловата ги зоначува сојузните држави каде што победил Клинтон. Бројките го претставуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Затвори
Овие избори биле тесен натпревар помеѓу тогашниот демократско-републикански претседател Џејмс Медисон и дисидентот од Демократско-републиканската партија Девит Клинтон, внук на починатиот поранешен потпретседател на САД Џорџ Клинтон. Федералистичката опозиција застанала зад кандидатурата на Клинтон. Медисон бил реизбран со 50,4 проценти од народното гласање наспроти 47,6% на Клинтон, со тоа, правејќи ги овие избори најтесните дотогаш. Ова биле првите американски претседателски избори што се одржале за време на војна во која учествувале Соединетите Американски Држави.[1]