Самоански Острови
архипелаг што покрива 3,030 км² и се наоѓа во централниот дел на Јужен Пацифик, дел од Полинезија и поширокиот регион на Океанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Самоанските Острови формираат архипелаг во Тихиот Океан. Архипелагот зазема површина од 3.030 км2 и истиот е дел од географскиот регион Полинезија во Океанија. Самоанските Острови имаат вкупно население од околу 250.000 жители. Национален и најголем јазик на островите е самоанскиот јазик. На островите преовладува самоанската култура и самоанскиот начин на општествен живот.[1]
- Оваа статија е за Самоанскиот Архипелаг. За независната држава Самоа, видете Самоа. За истоимената територијата на САД, видете Американска Самоа.
горе: островот Офу-ОлосегаAbove. доле: карта на Самоанските Острови | |
Географија | |
---|---|
Место | Полинезија |
Површина | 3.030 км2 |
Највисоко издигнување | 1.858 м |
Највисока точка | Мауга Силисили |
Управување | |
Samoa | |
Најголема населба | Апија (pop. 38,800) |
Американска Самоа | |
Најголема населба населба | Паго Паго (pop. 11,500) |
Демографија | |
Население | 250,100 (2001) |
Денес островите се поделени на две политички единици. Западниот дел на островите се под јурисдикција на независната држава Самоа, а источниот дел од островите е под јурисдикција на американската сојузна територија Американска Самоа. Самоанците се најбројни на островите и тие претставуваат најброен полинезиски народ во светот.[2] Во 1768 година, источниот дел на архипелагот бил посетен од францускиот истражувач Луи Антоан де Бугенбил и тој ги именувал како Навигаторски Острови. Ова име било користено од мисионерите сè до 1845 година, а во официјалната европска преписка сè до 1870 година.[3]