Светско првенство во хокеј на мраз 2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светско првенство во хокеј на мраз 2014 — 78. светско првенство во хокеј на мраз, организиран под покровителство на Светската федерација во хокеј на мраз (ИИХФ). Турнирот се одржал од 9 до 25 мај 2014 година во главниот град на Белорусија, Минск. Сите натпревари се одиграле во две сали, во арените Минск и Чижовка.
Светско првенство во хокеј на мраз 2014 Чэмпіянат Свету па хакеi 2014 | |
---|---|
Податоци за првенството | |
Земја | Белорусија |
Датум на одржување | 14 јуни – 15 јули |
Екипи | 16 |
Стадиони | 2 (во 1 град) |
Финални резултати | |
Прво место | Русија (27. титула ) |
Второ место | Финска |
Трето место | Шведска |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 64 |
Постигнати голови | 352 (5.5 по натпревар) |
Голгетер | Виктор Тихонов (8 гола) |
Најдобар играч | Пека Рине |
← 2013 2015 → |
Титулата светски првак ја освои селекцијата на Русија, која единствена ги оствари сите победи на турнирот. Во финалето Русите ја совладаа селекцијата на Финска со резултат 5:2, со што ја освоија својата 27. светска титула (5та под сегашното име). Бронзениот медал го освои бранителот на титулата, селекцијата на Шведска која во мечот за третото место ја совлада селекцијата на Чешка со 3-0. За најкорисен играч на турнирот е избран голманот на финската репрезентација Пека Рине, додека најефикасен е десното крило на руската репрезентација Виктор Тихонов со вкупно 16 поени (8 голови и асистенции). Елитната дивизија на светскиот хокеј ја напуштија репрезентациите на Италија и Казахстан кои ги зазедоа последните две места на турнирот, а следната година ќе се натпреваруваат во првенството од првата лига.
Со просек од над 10.000 гледачи по натпревар, ова било едно од најпосетуваните првенства во историјата на светските првенства.