Сијаманг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сијаманг (науч. Symphalangus syndactylus) — црнокрзнен гибон карактеристичен за Малезија, Тајланд и Суматра. Овој вид на гибон е најголем од сите други видови на гибони, сијамангот може да биде и двапати поголем од останатите видови на гибони, достигнувајќи висина од 1 м, и тежина од 14 кг. Сијамангот е единствениот вид во родот сијаманг (Symphalangus).
Siamang[1] | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Примати |
Семејство: | Гибони |
Род: | Сијаманг Gloger, 1841 |
Вид: | Сијаманг |
Научен назив | |
Symphalangus syndactylus (Рафлс, 1821) | |
Распространетост на сијамангот |
Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]
Сијамангот има две забележителни одлики. Првата е дека два прсти на секое стапало се поврзани со опна, по што и го добил името „синдактил“, што на старогрчки знач син-, „споен“ + дактил, „прст“. Втората е големата гушна торба (ја имаат и мажјаците и женките), оваа торба која може да биде надувана до големина на главата на сијмангот, што му овозможува на сијамангот да испушта гласни, резонантни повици и песни.
Можно е да има два подвидови на сијамагот. Дококлу е така, станува збор за суматрански сијаманг (науч. S. s. syndactylus) и малезиски сијаманг (науч. S. s. continentis).[4] Единките во Малезија, се излолирана група. Сијамангот може да се сретне со останатите видови на гибони, како на пример со црноракиот гибон и белоракиот гибон.
Сијамангот може да живее и до 40 години во заробеништво.[5]
Поради илегалната трговија со миленичиња и загубата на живеалиштата во Малезија и Суматра, овој вид на гибоне е еден од најзагрозените. Производството на палмово масло доведува до сеча на огромни пространства на шуми, со што живеалиштето на сијамангот просторно значително е намалено, што важи и за останатите животински видови, како што е на пример суматранскиот тигар.