Сканија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сканија (од лат. Scania) или Сконе (швед. Skåneⓘ) — најјужната[2] покраина (landskap) во Шведска. Се состои од полуостров на јужниот крај на Скандинавскиот Полуостров и некои блиски острови. Современата административна единица е истоимениот округ (län) Сконе[3] кој ги опфаќа речиси истите граници како покраината. Најголем град е Малме, кој е административен центар на округот и трет град по големина во Шведска.
Сканија Skåne | |||
---|---|---|---|
Земја | Шведска | ||
Крај | Јеталанд | ||
Округ | Сконе | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 10,939 км2 (4,224 ми2) | ||
Население (2009) | |||
• Вкупно | 1,228,815 | ||
• Густина | 0,11/км2 (0,29/ми2) | ||
Народ | |||
• Наречје | сканиско | ||
Култура | |||
• Цвет | маргаритка | ||
• Животно | елен | ||
• Птица | црвена луња | ||
• Риба | јагула | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Повик. бр. | 040–0418 |
На север Сканија се граничи со покраините Халанд и Смоланд, на североисток со покраината Блекинге, на исток и југ со Балтичкото Море, а на запад со теснецот Ересунд. Теснецот го пресекува автомобилско-железничкиот Ересундски мост[4] и ја поврзува покраината со данскиот остров Зеланд. Ова подрачје е дел од меѓународниот регион Ересунд.[5]
Сканија се протега 130 км во должина (север-југ) и зазема помалку од 3% од површината на Шведска, но има 1.230.000 жители[1], што претставува 13% од населението во земјата. Околу 16% од жителите се родени во странство.[6] Со 111 жит/км2, Сканија е втора покраина во земјата по густина на населеност, веднаш по Седерманланд.