Скопелос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скопелос (грчки: Σκόπελος) — грчки остров кој се наоѓа на западниот дел во Егејско Море. Скопелос е еден од неколкуте острови кои ја сочинуваат групата на северните Споради, кои се наоѓаат источно од полуостровот Пелион и северно од островот Евбеја. Островот е дел од регионот Тесалија. Скопелос е исто така и името на главното пристаниште и општинскиот центар на островот. Другите населени места на островот се Глоса и Нео Клима. Географијата на Скопелос вклучува две планини кои се над 500 метри високи, и тоа: Делфи (681 м) во центарот на островот, и Палуки (546 м) на југоисток. Со површина од 96 км2, Скопелос е малку поголем од Миконос (85 км2) и Санторини (73 км2). Најблиските населени острови се Скијатос на запад и Алонисос на исток.
Кратки факти Скопелос Σκόπελος, Земја ...
Скопелос Σκόπελος | |
---|---|
Местоположба во областа 2011 Dimos Skopelou.png | |
Координати: 39°7′N 23°43′E | |
Земја | Грција |
Област | Тесалија |
Округ | Споради |
Површина | |
• Општина | 96,229 км2 (37,154 ми2) |
Најг. вис. | &10000000000000681000000681 м |
Најм. вис. | &100000000000000000000000 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. | 4.960 |
• Општ. густина | 0,052/км2 (0,13/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 370 03 |
Повик. бр. | 24240 |
Рег. таб. | BO |
Мреж. место | www.skopelos.gov.gr |
Затвори