Суперлига на Србија во фудбал 2018/2019
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперлига на Србија во фудбал во сезоната 2018-2019 година — 13-то официјлно натпреварување организирано под тоа име од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија. Сезоната започнала на 20 јули 2018 година а завршила на 20 мај 2019 година.
Спорт | Фудбал |
Држава | Србија |
Ранг | 1 |
Понизок ранг | Прва лига на Србија |
Број на екипи | 16 |
Најдобар стрелец | Босна и Херцеговина Нермин Хаскиќ (24) |
Почеток на сезоната | 20 јули 2018 |
Крај на сезоната’’’ | 19 мај 2019 |
Лига на шампиони | Црвена ѕвезда |
Лигa на Европа | Раднички Ниш Партизан Чукарички |
Испаднале во понизок ранг’ | Динамо Врање Земун ОФК Бачка |
Влегле во Суперлига | ТСЦ Бачка Топола Јавор Матис Инѓија |
Црвена ѕвезда (5. титула) | |
Раднички Ниш | |
Партизан | |
◄ 2017/2018 | 2019/2020► |
Системот на натпреварување останал ист како и претходната година. Имено, по 30 одиграни кола, лигата од 16 клубови се дели во две групи од по осум - горната („Плеј-оф“, позиции од прва до осма) и долната („Плеј-аут “, позиции од деветто до шеснаесетто место). Бројот на освоени бодови во првиот дел од лигата потоа се преполовува (во случај на делење непарен број, количникот се заокружува на следниот цел број), а потоа натпреварувањето во рамките на групите се одвива според системот за единечни бодови, во вкупно 7 кола. По завршувањето на натпреварите во Плеј-оф и Плеј-аут, се утврдува конечниот пласман на Суперлигата за таа сезона.
- 'Плеј-оф:'
Најдобро пласираниот тим ја освојува титулата и добива право да учествува во квалификациите за Лига на шампиони. Екипите кои го завршиле натпреварувањето на втората и третата позиција добиваат место во квалификациите за Лига Европа. Во случај еден од трите првопласирани клубови да биде и победник на Купот на Србија во истата сезона, четвртопласираната екипа од лигата исто така оди во квалификациите за Лигата на Европа.
- 'Плеј-аут:'
Двете најлошо пласирани екипи (15-та и 16-та позиција во конечниот пласман) испаѓаат од Супер лигата, а од следната сезона двата клуба кои ги зазеле најдобрите позиции во Првата лига на Србија ќе се натпреваруваат во елитниот ранг наместо нив.