Термопили
From Wikipedia, the free encyclopedia
Термополите (Старогрчки и Катаревуса грчки: Θερμοπύλαιcode: grc is deprecated , Демотика: Θερμοπύλες: „врели порти“) е место во Грција каде во античко време постоел тесен пат крај брегот. Името го добило поради врелите сулфурни извори.[1] „Врелите порти“ се место на „врели извори“, кои за старогрчката митологија биле влезови во Адот".[2]
Термопилите станале познати низ светот поради Битката која се случила на тоа место меѓу грчките (посебно Спартанците) и персиските сили. Ова е единственото место на копно каде може да се одвива сообраќај меѓу Локрида и Тесалија. Овој премин од север кон југ на источниот брег на Балканскиот Полуостров е неизбежен, па поради тоа, Термопили биле место на неколку битки.
Во античко време ова место се нарекувало „Малис“ според името на племето што живеело тука (старогрчки: [Μαλιεῖς] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)), денес тоа е градот Ламија кај делтата на реката Сперхеј во Грција. Малијакскиот Залив е наречен според нив, исто така.