Битка кај Термопилите
Битка меѓу сојузот од градови-држави во Стара Грција и Персиското царство / From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај Термопилите (грчки: Μάχη τῶν Θερμοπυλῶν; персиски: نبرد ترموپیل) — битка со времетраење од три дена, којашто се водела меѓу сојузот на грчките градови-држави, предводени од Спартанскиот крал Леонид I, и Персискиот владетел, Ксеркс I, за време на втората персиска инвазија на Стара Грција. Битката се одвивала кај Термопили во централна Грција, во август 480 година п.н.е. Грците биле бројно многу послаби, но успеале да ги задржат Персијците три дена, со што добиле доволно време за евакуација на Атина и подготвување на посилна армија. Војниците под водство на спартанскиот крал Леонид го блокирале единствениот пат по кој војската на Ксеркс I можела да помине. По освојувањето на Термопили, Персијците биле во можност да ја контролираат областа до Коринт, а посебно им овозможило да ја нападнат Атина. Иако победиле, Персијците претрпеле губитоци. Оваа битка е дел од Грчко-персиските војни.
Битката кај Термопилите | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Грчко-персиски војни | |||||||||
Местото на битката денес |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Стара Грција | Персиска Империја | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Крал Леонид I †, Демофил † | Крал Ксеркс I, Мардониј, Гидарн II |
||||||||
Сила | |||||||||
Вкупно 5,200+ (Херодот) 7,400+ (Диодор Сицилиски) 11,200 (Павсаниј) 7,000–20,000 [3][4] | 70,000–300,000 b[›] 2,500,000 (Херодот)[5] |
||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
4,000 (Херодот)[6] | ~20,000 (Херодот)[3] | ||||||||