Тибетско писмо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тибетското писмо е официјално писмо за тибетските и некои останати јужноазиски јазици. Тибетското писмо не е азбука, туку абугида и е дел од групата на индиски писма. Како и сите абугиди, така и ова писмо е азбучно-сегментско, односно секој знак е составен од комбинација на согласка и самогласка. Печатната форма на тибетското писмо се нарекува „учен“ (тибетски: དབུ་ཅན་, Вајли: dbu-can; 'со рака'), додека пак ракописната форма на писмото се нарекува „уме“ (тибетски: དབུ་མེད་, Вајли: dbu-med; 'безглавно').
Тибетско писмо | |
---|---|
Пример за тибетското писмо: Ом мани падме хум мантра. | |
Тип | Abugida
|
Период | околу 650–денес |
Правец на пишување | од лево кон десно |
Јазици | тибетски јазици ѕонгка ладакиски сикимски балтиски таманшки шерпски цанглански гуруншки |
Сродни писма | |
Матични системи | |
Изведени системи | лимбуанско писмо лепчанско писмо пагспа |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Tibt, 330 , Tibetan |
Уникод | |
Уникоден назив | Tibetan |
Уникоден опсег | U+0F00–U+0FFF |
[a] семитското потекло на индиските писма не е сосема прифатливо. | |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Ова писмо е тесно сврзано со поширокиот тибетски културен идентитет. Освен во Тибет, ова писмо се користи и во Бутан, Индија, Непал и Пакистан.[1] Од тибетското писмо настанале следниве писма: лумбуанско писмо, лепчанско писмо,[2] и пагспа.[2] Тибетското писмо настанало од писмото брами или „индиско писмо“.