Согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Согласка (наречена и „консонант“)[1] — глас која се изговара (твори) со целосно или делумно попречување (стеснување) на говорниот апарат за говор со разни делови од апаратот. На пример, [p] се добива со усните; [t] со врвот на јазикот; [k] се добива со задниот дел на јазикот; [h] се изговара со грлото; [f] и [s], со исфрлање на воздухот низ тесен простор, т.е. струење (затоа се нарекуваат струјни); а [m] и [n] се изговараат кога воздухот минува низ носот (затоа се нарекуваат носни). Најчесто согласките ги придружуваат самогласки, кои се сосем различни од нив.
Кај некои јазици, како во македонскиот, сите согласки се претставени со по само една буква. Меѓутоа во многу најразлични јазици на светот, бројот на можни согласки е поголем од бројот на букви во азбуката, па затоа јазичарите имаат разработено системи како Меѓународната фонетска азбука (МФА или IPA), доделувајќи му симбол на секој глас во сите јазици. Познат пример за јазик со повеќе согласки отколку букви е англискиот, па затоа мора да користи диграфи како „ch“, „sh“, „th“, додека пак некои букви претставуваат повеќе од една согласка, зависно од случајот. На пример, во англискиот, „th“ во зборот this не е истата согласка како во зборот „thin“ (по МФА, едниот е [ð], а другиот е [θ]).